"Моето гледање на распадот"

Генерал Вељко Кадијевиќ (1925-2014)

Последниот министер за одбрана на СФРЈ и началник на генералштабот на ЈНА од 1988-ма до 1992-ра, во неделата почина во Москва.

Генерал Вељко Кадијевиќ (21. ноември 1925) Народно-ослободителната борба и генерал на армијата ЈНА, последен министер за одбрана на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (Сојузен секретар за одбрана, истовремено началник на Штабот на Врховната команда на вооружените сили на СФРЈ) во периодот на нејзиниот распад од 1988-ма до 1992-ра, командант на војската која остана без држава, почина на 2-ри ноември во Москва.

Од земјата си замина во 2001-ва, кога му стигна повик за сведочење од Хашкиот суд.

Од 2001-ва живее во Русија откако доби статус на бегалец, а во 2008. со указот на тогашниот претседател Димитриј Медведев доби и руско државјанство.

Хрватска, која против Кадијевиќ имаше две обвиненија за воени злосторства заради операциите на ЈНА 1991. во Дубровник и Вуковар, од Русија бараше негово испорачување пред да добие руско државјанство, меѓутоа ова барање беше одбиено.

За распадот на државата без која остана војската со која тој командуваше, генералот Кадијевиќ веќе пишуваше под насловот "Моето гледање на распадот," од кое во прилогот носиме неколку извадоци. (На овие времиња може да се поштедите и со помош на документарниот филм на ПГП мрежата: Српската верзија на распадот, како и во текстот на Филип Шварм, Тамара Сроза и Биљана Васиќ - Југословенска народна армија 1989 - 1992, кратка историја на распадот: Партиска армија, објавен во Време број 562, 11. октомври 2001-ва.)

Вината за распадот на Југославија тој главно ја гледаше во улогата на меѓународниот фактор, во уставното уредување од 1974-та според кое ЈНА остана без држава, повампирувањето на национализмот, и во распадот на еднопартискиот социјалистички систем со кој се идентификуваше и со кој се поврзуваше судбината на една земја.

Вељко Кадијевиќ е роден 21. ноември 1925. во Главина, кај Имотски. Родителите (татко Србин, мајка Хрватка) му се по потекло од Имотски. Татко му Мирко е учесник во Шпанската граѓанска војна, и умира во Шпанија во 1936-та.

Во 1943-та, на 18 години тој влегува во Народноослободителната борба и станува член на Комунистичката партија на Југославија. Во текот на војната прво бил младински раководител во Имотски, потоа и член на политичкото одделение на 19-та северно-далматинска, а подоцна 26. далматинска дивизија, помошник на политичкиот комесар на Првата далматинска ударна бригада и помошник комесар на 26. далматинска дивизија.

По ослободувањето на Југославија во Југословенската народна армија бил на должностите политички комесар на дивизија, наставник на Вишата воена академија на ЈНА, командант на дивизија, началник на штабот на корпус, помошник командант на армија и др.

Завршил Виша воена академија и Воена школа на ЈНА, а во 1963-та и Колеџ за команданти и генерали (US Army Command and General Staff College) на американската армија.

Српската верзија на распадот


--------------------

Вељко Кадијевиќ: Моето гледање на распадот

За војската без држава

Специфичната положба на ЈНА во југословенското општество која се движеше од исклучително значајна улога која ја имаше како во победата во ослободителната војна и со тоа во создавањето на нова, односно втора Југославија, потоа во создавањето и одржување на безбедносните услови за целокупниот повоен живот во земјата вклучувајќи ги нејзините внатрешни политички и други превирања и движења, па до состојбата во која ЈНА, пред се уставоправно со Уставот од 1974-та и соодветните закони, а потоа и реално остана војска без своја држава, изискува значително повеќе да се влезе и во други невоени сфери на вкупните социјални, посебно државни случувања, како и меѓународните околности од важно значење за судбината на Југославија.

Сметам дека на целта на овој труд и на времето на неговото објавување повеќе одговара начин на сумирана анализа и оценување на настаните, отколку нивна историска реконструкција. Многу значајни прашања се само допрени. Тие ќе треба да се обработат посебно и на нешто поинаков начин.

Сведок сум или учесник на многу крупни случувања кои битно влијаеле на се што се случи, а сигурно значително ќе влијаат и на нашата блиска и далечна иднина. Некои случувања ги следев од втор или трет план, а во некои директно учествува, посебно од 15-ти мај 1988-ма па до 6-ти јануари 1992-ра година кога бев на должноста Сојузен секретар за народна одбрана, истовремено и началник на Штабот на Врховната команда на вооружените сили на СФРЈ.

За тоа време Штабот на Врховната команда на вооружените сили на СФРЈ редовно ги следеше и проценуваше сите фактори - надворешни и внатрешни - од кои зависеше безбедноста на државата, а сите крупни одлуки, од развојни планови за користење, кои произлегуваа од овие процени, ги предлагаше на Претседателството на СФРЈ како Врховен командант на Вооружените сили. Додека јас бев началник, Штабот на Врховната команда ова го правеше постојано без разлика дали Претседателството на СФРЈ работеше во полн, или по разни основи, намален состав.

За веќе денес, а посебно утре, што пообјективно се оценува вредноста на тогашните наши оцени и предлози како и преземени мерки, а преку тоа местото и улогата на Вооружените сили, посебно ЈНА, Штабот на Врховната команда, па и мене лично, ќе изнесам важни факти за најважните случувања, наши процени, донесени одлуки, превземени мерки, практични резултати и на крај, мојата сегашна оценка на тие случувања. Меѓу другото, посебно ќе го обработам односот на Штабот на Врховната команда и Претседателството на СФРЈ како Врховен командант, бидејќи тој однос важно го осветлува местото, улогата и однесувањето на ЈНА и посебно Штабот на Врховната команда во југословенската криза.

Посебно внимание заслужуваат и обидите за влијание на западните "миротворци" на овие односи. Овие обиди, можеби повеќе од кои било други, ја покажуваат нивната непринципиелност и безочна прагматичност во приодите за разрешување, односно замрсување на југословенската криза.

За актерите на "новиот меѓународен поредок"
Влијанието на меѓународниот фактор како безбедносен аспект секако, по наша обврска, беше предмет на посебни процени и затоа детално ќе го обработам. Меѓутоа уште сега сакам да ви соопштам она што во понатамошниот текст, за што сум сигурен, непобитно ќе ви го докажам - дека сите важни одлуки кои ги носеа главните актери на новиот меѓународен поредок - политиката на САД, администрацијата на Буш и Германија - ги носеа со цел растурање на Југославија, и дека тие не се последица на "грешење во добра намера" како што тоа денес некои го тврдат, туку добро смислени; во некои случаи и единствени начини за остварување на тој цел. Ова посебно се однесува на граѓанската војна како најефикасен начин за разбивање на Југославија, која тоа разбивање најблизу и најбрзо ќе го донесе токму кон онаа цел каква што ја имаат поставено. Се разбира, растурањето на Југославија не е целта сама по себе, туку средство во функција на остварување на крајната цел - владеење со Балканот.

Ги брзаа и ги втурнаа сите, од Словенија преку Хрватска и Босна и Херцеговина, до сегашните повици за втурнување во војна на Албанците и Муслиманите во Србија и Црна Гора. Истовремено брутално ја употребија неограничената моќ над "демократските медиуми" за претходно добро да ги подготват за сите свои одлуки, а потоа жртвата на нивната агресија да ја прогласат за агресор. До сега речиси се' им успеваше, ама до кога ќе оди така?

Во моментот кога ова го пишувам се покажува дека веќе увидуваат дека не биле во состојба да ги предвидат сите негативни последици на таквата одлука во однос на "новиот меѓународен поредок," и дека многу настани во Југославија им "бегаат од контрола," баш како што ги предупредувавме дека ќе се случи.

Затоа, сега се обидуваат комплетно да ја остварат целта - да ја растурат не само поранешната, туку и која било Југославија - а негативните последици од таквата политика во однос на меѓународната заедница максимално да ја неутрализираат. Ова повторно го прават во согласност со почетната одлука, што значи на погрешен начин, кој, за жал, најмногу го плаќаат народите на Југославија, но, секако, плаќа и уште повеќе ќе плаќа - директно или индиректно - и меѓународната заедница...

За паравојските
Она што најмногу го загрозуваше мирниот расплет на југословенската криза, вклучувајќи го и отцепувањето на републиките кои тоа го сакаа, е организирањето на паравојски и нивното наоружување низ Југославија. Во овие активности предничеше Хрватска, иако слични појави имаше и во Словенија, но од поинаков тип и обем, на Косово, во Босна и Херцеговина. Што се однесува до организацијата, Хрватска оваа војска ја создаваше под маската на милицијата, а Словенија во рамките на територијалната одбрана.

Основните извори за набавка на оружје во земјата ЈНА ги стави под сопствена контрола така што го превзема оружјето од територијалната одбрана, а ја контролираше и набавката од домашната воена индустрија. Затоа снабдувањето со оружје на паравојските доаѓаше од странство. Тоа ЈНА не можеше ефикасно да го контролира, бидејќи ова беа задачи на царината која припаѓаше под СИС (Сојузен извршен совет) и задачи во надлежност на внатрешни работи кои беа во рацете на републиките, а само делумно на федерацијата.

ССНО (Сојузниот секретаријат за народна одбрана) на 11.12.1990-та на претседателството на СФРЈ му достави информација за неовластено формирање на паравоени структури во СФРЈ. Претседателството на СФРЈ на седницата од 9. јануари 1991-ва донесе наредба за расформирање на овие вооружени структури кои не се во составот на единствените вооружени сили и органи за внатрешни работи и чија организација не е во согласност со сојузните прописи.

Претседателството на СФРЈ на 22. јануари 1991-ва го разгледуваше извештајот на ССНО за спроведување на наредбите и констатираше дека тие се само делумно извршени. Затоа заклучи дека воените правосудни и други надлежни органи се должни за постапување во рамки на своите со закон утврдени обврски и овластувања.

За наоружувањето на Хрватска
Штабот на Врховната команда на 23. јануари ја извести јавноста дека ЈНА, ако на подрачјето на Хрватска веднаш не се распуштат сите мобилизирани состави, ќе подигне борбена готовност на единиците на ниво кое ќе гарантира спроведување на законот заснован на кривичната постапка и извршување на судските одлуки. Дел од единиците на ЈНА е ставен на зголемен степен на борбена готовност.

Претседателството на СФРЈ, оценувајќи ја политичко-безбедносната ситуација како многу критична, на 25-ти јануари 1991-ва година, го повика на разговор раководството на Хрватска. На овој состанок е договорено и заклучено дека на 26-ти јануари во 12 часот ќе се изврши демобилизација на резервниот состав на милицијата во Хрватска, а истовремено степенот на борбена готовност на единиците на ЈНА ќе се доведе во редовна состојба, и дека воено правосудните органи ќе можат непречено да ја продолжат истражната и судската постапка.

Состанокот траеше до касно во вечерта. Хрватската страна беше невообичаено кооперативна во прифаќање на ставовите на Претседателството на СФРЈ, и, би се рекло, подготвена да жртвува некои од извршителите на кривичните дела. Наскоро, меѓутоа, дојде до обрт во хрватскиот став. Клучната улога во ова ја одигра господин Цимерман. Прв пат (во врска со ситуацијата) се обратив на 22. октомври 1991-ва, а втор пат на 7-ми ноември 1991-ва година.

На седницата на Претседателството на СФРЈ одржана на 22. октомври 1991-ва година, го запознав Претседателството со оценката на Сојузниот секретаријат за народна одбрана за состојбата во земјата и за 'Елементите на спогодбата' кои Европската заедница ги понуди за глобално решавање на југословенската криза. Тогаш изнесов и предлог соодветни мерки кои, по оцена на ССНО мора да бидат превземени одлучно, брзо и координирано."

Претседателството на СФРЈ комплетно се согласи со оцените и ги прифати предлозите кои ги изнесов. Иако посебно инсистирав на брзина при реализација на поднесените и прифатени предлози како важна претпоставка за успех, веќе минаа 15 скапоцени денови, а практично ништо не беше направено за нивно спроведување во живот. Истовремено, нашите предлози агресивно беа нападнати од сите надворешни и внатрешни разурнувачи на Југославија. Острицата на своите напади ја насочија токму кон разбивање на единството на народот и раководството кое одлучно се изјаснуваше за продолжување на заедничкиот живот.

Откако Претседателството на СФРЈ на седницата на Врховната команда одржана од 12. до 15. март 1991-ва го одби предлогот на Штабот на Врховната команда да се воведе вонредна состојба во земјата и со употреба на ЈНА да се разоружат и растурат паравоените формации низ Југославија, во Хрватска се забрзани активностите за политички и воени подготовки чија цел беше отцепување од Југославија и ставање на српскиот народ во Хрватска во потполна и безусловна покорност. Во обидите за остварување на овој дел од целта - ставање во безусловна покорност на српскиот народ во Хрватска - хрватската власт се служеше со сите познати усташки методи од времето на фашистичката НДХ. Покрај заштитата која ЈНА му ја даваше на српскиот народ, српскиот народ во Хрватска беше присилен да се самоорганизира во одбрана на своите домови и голи животи, за одбрана на своето национално битие.

За влијанието на Германија
Паралелно со политичките и воените мерки внатре во Хрватска, одеа и мерките на меѓународните фактори кои работеа на разбивање на Југославија. Активностите на меѓународните фактори секогаш се прикажуваа на два начина - на отворена сцена, јавно; и низ нелегални или полулегални канали.

Овие два начина на делување на меѓународните фактори продолжија и откако Европската заедница легално, и со согласност од соодветните југословенски институции, се вклучија во југословенската криза. По содржина, делувањето на меѓународните фактори опфаќаше голем спектар на дејствија - од информативно-пропагандни преку политички, економски, воени, до управување и координација на целокупните активности, и надворешни и внатрешни.

За ЈНА која не може да опстане без држава
Предлозите ги базирав на процени и уверувања:
Дека мнозинството членки на Европската заедница, која за сега работи под доминантно влијание на Германија, прави се' за да се оневозможи опстанок на каква било југословенска држава, бидејќи таа би била брана во остварување на германската цел за апсолутна доминација на Балканот. Досегашниот тек на мировната конференција за Југославија ова недвосмислено го потврдува.

Дека српскиот народ - на чии делови хрватските власти наметнаа борба за гола егзистенција, а претставниците на Европската заедница поделба и живот во повеќе самосоздадени државички - никој, во Југославија, ни надвор од неа, со сила не може да му наметне решенија кои се против неговите права и интереси. Тоа подеднакво важи и за останатите народи кои сакаат да живеат во Југославија.

Дека ниту една војска, па ни ЈНА, не може да опстане без државата на која се потпира и за која се бори, односно дека ниту една војска, долгорочно гледано не може да води и да добие војна, а при тоа државата да не го извршува својот дел од обврските, а пред се мобилизација на сите потенцијали на земјата - воени, економски, политички и др.

Тргајќи од овие елементи на ситуацијата на изменета генерална политичка цел - создавање на нова Југославија од народите кои го сакаат тоа, праведно и мирно разидување со оние народи кои не сакаат да останат во Југославија - задачата на користење на ЈНА во оваа фаза во Хрватска беше: да се заштити српскиот народ во Хрватска на начин на кој сите области со српско мнозинско население ќе се ослободат во секој поглед од присуството на хрватска војска и хрватски власти; ЈНА ќе се повлече од Хрватска, така што претходно ќе обезбеди извршување на првата задача; на целата територија на Југославија ќе се врши понатамошна трансформација на ЈНА во војска на идната Југославија како по национална и организациска структура, така и по територијална локација.

За намерите да се порази хрватската војска

Главните идеи по кои се изработени плановите за употреба на ЈНА на целата југословенска територија беа: комплетно поразување на хрватската војска ако тоа го дозволи ситуацијата, задолжително и во мерка која ќе овозможи извршување на поставените цели; остварување на комплетна соработка со српските востаници во Српска Краина; овозможување на довршување на извлекувањето на преостанатите делови на ЈНА од Словенија; и посебно да се води сметка дека улогата на српскиот народ во Босна и Херцеговина ќе биде клучна за иднината на српскиот народ во целост. Кон ова да се прилагоди и лоцирање на силите на ЈНА.

Задачите да се извршуваат во две етапи. Во првата, претежно со контраудари од тактичко значење додека комплетно не се спроведе агресијата од Хрватска, со интензивно организирање и подготвување на српските востаници во Хрватска; и во втората, со единствена оперативно-стратешки офанзивна операција да се порази хрватската војска и да се извршат поставените задачи.

За оваа операција, покрај веќе ангажираните сили на ЈНА во првата фаза потребно е уште петнаесет до осумнаесет бригади на копнена војска - оклопни, механизирани и пешадиски.

Групирањето на силите на ЈНА и нивната употреба во првата етапа ќе се изведува така да тие бидат во согласност со планот за офанзивна оперативно-стратешка операција предвидена за втората етапа.

Идејата за маневри ги задржува следните основни елементи:

- потполна блокада на Хрватска од воздух и море;

- правците на напад на главните сили на ЈНА што поблиску да се врзуваат со ослободување на српските краеви во Хрватска и гарнизоните на ЈНА во длабочината на хрватска територија.

- за оваа цел Хрватска да биде испресечена во правците Градишка - Вировитица; Бихач - Карловац - Загреб; Книн - Задар; Мостар - Сплит. Најсилната групација на оклопно-механизирани сили ќе ја ослободи Источна Славонија, а потоа брзо ќе го продолжи своето дејство кон запад, ќе се спои со силите во Западна Славонија и ќе продолжи кон Загреб и Вараждин, односно кон границата со Словенија. Истовремено јаките сили од реонот Херцег Нови - Требиње, ќе го блокираат Дубровник од копно и ќе пробијат во долината на Неретва и на тој начин ќе дејствуваат заедно со силите кои настапуваат во правецот Мостар - Сплит.

- по достигањето до одредени објекти да се обезбеди и чува границата на Српска Краина во Хрватска, да се извлечат преостанатите делови на ЈНА од Словенија и потоа да се повлече ЈНА од Хрватска.

- за мобилизација, подготовка на мобилизираните и домобилизираните единици како и нивното доведување на планираните правци за користење потребни се 10 - 15 денови, во зависност од степенот на борбена готовност на единиците и нивната оддалеченост од правците на користење.

За вооружените судири во Хрватска
Вооружените судири во Хрватска имаа две фази.

Првата фаза го опфаќа времето од првите вооружени напади врз Србите во Српска краина до крајот на летото 1991. година кога Хрватска започнува со отворени вооружени напади на ЈНА.

Цел на Хрватска во првата фаза беше со употреба а милиција и војска да воспостави власт над српските краеви во Хрватска и да го скрши секој отпор на српскиот народ, како нужна етапа во остварување на генералната цел - создавање на суверена хрватска држава, која ќе опфати, покрај целокупната територија во административните граници на постојната Република Хрватска, во подоцнежните етапи на распадот на Југославија и други територии на Југославија со мнозинско хрватско население, односно територии кон кои раководството на ХДЗ, по разни основи, има некакви аспирации.

Стратегијата и реализацијата на овие цели се заснова на следите идеи:

Избегнување вооружен судир со ЈНА, а ЈНА да се неутрализира со политички и пропагандни средства и активности. Бројноста на војската постојано да се зголемува со мобилизација и во склад со набавката на оружје.

Вооружените формации да се групираат околу Српска краина, да се шири страв со постојани закани за општ напад, пред се во Книнска Краина, со повремени сурови вооружени напади на погодно избрани локации да се крши моралот на српскиот народи и така да се подготви успехот на општиот краен напад на Српска Краина во целина или по делови.

Сите овие воени активности да се проследат со адекватни политички мерки во Хрватска, а меѓународните фактори максимално да се искористат за поддршка во светот како и за неутрализирање на контрамерките во Југославија.

Целта, замислата и планот за користење на ЈНА во оваа како и во наредната фаза на судирот произлегуваат од модификуваната улога на ЈНА во однос на улогата утврдена од Уставот на СФРЈ; од основните идеи на генералната замисла во новосоздадената ситуација во Југославија која претходно ја изложив, како и во конкретната тековна состојба во Хрватска, Југославија, светот и ЈНА.

Имајќи го сето ова предвид целта на ЈНА во првата фаза од вооружените судири во Хрватска беше: да се заштити српскиот народ во Хрватска од нападите на хрватските вооружени формации и да му се овозможи војничко самоорганизирање за одбрана; истовремено ЈНА да се подготви за војна со Хрватска кога Хрватска ќе ја започне против ЈНА.

Задачите да се извршуваат во рамките на "спречување меѓунационални судири" како што тоа го формулираше претседателството на СФРЈ со својата одлука. Сите тие и други активности да се водат така што максимално ќе се придонесе за спречување на распалувањето на веќе започнатата граѓанска војна кон која упорно тежнеат надворешните и внатрешни растурачи на СФРЈ.

Заради извршување на поставената задача треба да се засилат единиците на ЈНА во Хрватска и околу Хрватска. Да има две врсти на формации. Поголем број на оклопно-механизирани единици со јачина од чета до баталјон да се сместат што е можно поблизу до местата на судири, и така да можат побрзо да интервенираат. Соодветен број на оклопно-механизирани единици од бригаден состав и посилни, да се постават на соодветни точки во Хрватска и околу Хрватска, за да можат да се ангажираат за поголеми интервенции.

Воените, политички и пропагандни активности во оваа фаза на вооружените судири во Хрватска се движеа со голема брзина. Основните карактеристики и резултати на овие случувања се следните:

На хрватска страна координација на политичките и пропагандните со воените мерки е многу подобра отколку на југословенска. Ова е разбирливо, бидејќи на југословенска страна, Хрватите имаа и свои легални и нелегални претставници кои работеле за нивна сметка. ЈНА се' повеќе го чувствува недостатокот на неопходната поддршка од својата држава, посебно во информативно-пропагандната дејност.

Меѓународниот фактор се повеќе управува со вкупната криза во Југославија, ама и се' поотворено работи на разбивање на Југославија за сметка на сецесионистичките сили во неа, кои цветаат во вакви услови.

И покрај вкупните неповолни услови во земјата и отворената меѓународна поддршка, Хрватска не успева да ја оствари целта на првата фаза, т.е. да го скрши отпорот на српскиот народ во Хрватска и да воспостави потполна власт над него. Напротив, како што минуваше време, така Хрватска беше се подалеку од оваа цел. Она што Хрватска успева да го направи во оваа фаза е да собере се поголема меѓународна поддршка за својата сецесионистичка политика и голема материјална помош за изградба и засилување на својата војска, што таа и го прави.

ЈНА потполно ги оствари целите од оваа фаза на судирот - го заштити српскиот народ во Хрватска, му овозможи и помогна војнички, па и политички да се подготви за случувањата кои ќе следуваат, што српскиот народ во Хрватска навистина и го направи, без разлика на големите проблеми со кои беше соочен, па и одредени внатрешни талкања, недоразбирања и судири, кои инаку непријателот настојуваше максимално да ги искористи.

По оценките на хрватската врхушка, главната причина заради која Хрватска, и покрај низата поволни меѓународни и внатрешни околности, не ја оствари својата цел да се скрши отпорот на српскиот народ во Хрватска и да се оствари потполна власт на целата територија во рамките на постојните административни граници на Република Хрватска, е во улогата која ја има ЈНА. И не само тоа, туку ним им стана комплетно јасно дека оваа цел никогаш нема да биде остварена се додека ЈНА е тука.

Затоа тие се одлучија на промена на дотогашната стратегија и тактика за остварување на целите и тоа во целина а посебно во борбата со ЈНА. Покрај оваа главна причина, на промената на стратегијата и тактиката ги упатуваат и следните елементи на ситуацијата:

Вооружените формации на Хрватска бројно се засилени, подобро се вооружени, а мобилизацијата се одвива без поголеми проблеми. Очекуваат дека во отворена војна со ЈНА, со полна поддршка на моќните западни медиуми кои работат за нив, да дојде до распад на ЈНА по национални и други основи, посебно што добро знаат дека ЈНА е национално измешана од одделенија и водови па до Врховната команда, и дека заради ова изолацијата на национално недоверливите практично е изводлива само поединечно.

Меѓународната ситуација се повеќе им оди во корист, а веќе остварениот степен на вмешаност на Европската заедница во југословенските проблеми нема да дозволи никаков неповолен развој на случувањата кои би можеле да донесат под знак прашање барем она што веќе го постигнале во разбивањето на Југославија и зацврстување на својата власт во Хрватска.

Конечно, последно ама и најважно, е ставот на Германија дека треба забрзано да се оди на создавање на независна хрватска држава, односно да се оди на разбивање на Југославија по пат на граѓанска војна. Во разни прилики, Туѓман во неколку наврати изјави дека од него барале и му предлагале да ја нападне ЈНА за време на вооружените судири во Словенија, и дека тој го одбил тоа.

Јас во ниту една прилика не сум ги коментирал тие негови изјави, но сметав и тогаш и сега, дека за нас би било подобро да не нападнеше тогаш отколку подоцна, како и тоа дека ние, од причини кои детално ги изложив при образложението на основата замисла за употреба на ЈНА во оваа фаза на судирот, моравме да го почекаме нападот, а не први да нападнеме.

Од овие причини Хрватска ја носи одлуката да започне со отворена војна против ЈНА. Нападите на воените единици и гарнизоните во Хрватска започнаа кон крајот на летото 1991-ва година, иако провокациите со поставување барикади и препреки околу касарните во Вировитица, Крижевци, Бјеловар и други места, како и други поединечни провокации, започнаа уште кон крајот на јули. Така почнува и втората фаза на вооружените судири во Хрватска и временски трае до прифаќањето на мировниот план на Венс.

За Хрватска целта на втората фаза на војната во суштина останува иста како и онаа која не ја оствари во првата фаза на судирот во однос на српскиот народ во Хрватска, меѓутоа на ова се додава и протерување на ЈНА од Хрватска како следен чекор во остварување на генералната цел - создавање суверена хрватска држава.

Стратегијата и тактиката битно се менуваат во однос на првата фаза. Се оди на отворена војна со ЈНА. ЈНА се прогласува за "окупаторска војска која го угнетува и убива хрватскиот народ, а им помага на четниците и одметниците." Тежиштето на политичните и воените активности, значи, се насочува против ЈНА. Се бара сестрана помош од сојузниците од странство - од стручна и материјална помош за хрватската војска до преземање разни мерки кои треба да ја ослабат или целосно парализираат ЈНА, како што се константни надворешни закани и посебно ангажирање на сите расположливи фактори во земјата на кои влијание има и странскиот фактор, за да се оневозможи успешно пополнување на ЈНА со резервниот состав, и максимално да се искористат сите сили и можности за разбивање на кохезијата на ЈНА по сите можни основи.

Најважни елементи на ситуацијата кои ја определија целта, замислата и планот за користење на ЈНА во оваа фаза на војната во Хрватска се следните:

Кон главната задача - одбрана на српскиот народ во Хрватска - сега се додава и заштитата на објектите, единиците, припадниците на ЈНА и нивните семејства, што значително го усложнува извршувањето на задачата. Меѓународната ситуација од ден на ден станува се понеповолна за нас, посебно откако Германците настапуваат отворено, се поагресивно, директно и преку Европската заедница односно Конференцијата за Југославија која е отворена на 7. септември и која јасно заговара распад на Југославија и признавање на новите држави во рамките на административните републички граници.

Развојот на случувањата во Хрватска во првата фаза на судирот покажа дека српскиот народ во Хрватска ја смета ЈНА за своја војска и така се однесува кон неа, додека хрватскиот народ кон нејзе се однесува крајно непријателски. Вооружените сили на Хрватска бројчано се засилени и достигаа околу 300 илјади, по разни основи, вооружени луѓе. Тие главно се способни за дефанзивни дејства и помали тактички противудари.

За флуидната состојба на државните граници на Југославија
Претседателството на СФРЈ се подели на два дела. Настапи потполно флуидна состојба во поглед на државните граници на Југославија кои ЈНА би требало да го брани - било на стара било нова Југославија - а со тоа и неадекватната поддршка на државата кон војската.

Затоа Штабот на Врховната команда, во оваа фаза на војната, во неколку наврати предлагаше што поскоро да се оди на создавање на нова југословенска држава. Секако, при ова не се раководеше само од процената дека ниту една војска, па ни ЈНА, не може успешно да води и добие војна без јасно дефинирана држава за која се бори војската и која на прав начин, како што тоа го бара современата војна, ја поддржува својата војска, туку се раководи, во прв ред, од процената дека и на политичка план треба да се прејде во контраофанзива на тој начин што на луѓето кои ја растурија старата Југославија ќе им ја спротивставиме новата Југославија, составена од народи кои сакаат да го продолжат заедничкиот живот во неа и кои нема да дозволат таквата Југославија да се распадне.

Првата етапа на втората фаза од војната во Хрватска (крај на јули - почеток на септември 1991-ва година) главно се одвива според нашите предвидувања, со тоа што хрватската војска повеќе прави подготовки за напади на гарнизоните на ЈНА - блокади и масовни поединечни провокации - отколку што изврши директни напади на единиците и гарнизоните. Востаничките сили на српскиот народ во Хрватска стануваат се посилни и поорганизирани, посебно во Книнска краина, Кордун и Банија.

Стратешко-оперативната офанзивна операција во втората етапа на втората фаза од војната во Хрватска, ЈНА ја изведе, меѓутоа многу модификувана во однос на почетниот план. Единствена и исклучива причина за модификација на почетниот план лежи во полууспешната мобилизација и организираното дезертерство на резервниот состав на ЈНА. Не само што одзивот беше слаб, туку и онака ослабените единици не се движеа кон потребните правци и места, односно, некои кои се придвижиле, по доаѓањето на фронт го напуштале фронтот. Сите проблеми од стратешка и оперативна природа при извршувањето на операциите, посебно проблемите поврзани со времето на пристигнување потребни или свежи сили на поедини правци, исклучиво се условени од неуспехот на мобилизацијата и дезертерството, посебно во поедини делови на земјата.

Решението на овие проблеми секогаш било и секогаш ќе биде во рацете на државата која тогаш, за жал, ја немаше во мерката која ја бара воената состојба. Ова непријателите од сите бои, внатрешни и надворешни добро го знаеа. Тие занеа и дека ова всушност е единствен начин да се оневозможи ЈНА во извршувањето на нејзините задачи и затоа ги концентрираат сите свои напори и заеднички ги координираат. Затоа истовремено низ цела Југославија течат разни акции на "родители, мајки, сестри, миротворци, пацифисти и.тн." против ЈНА, додека вакви акции нема во Хрватска против хрватската војска, иако таа изврши општа мобилизација.

Но и покрај овој крупен хендикеп, недостатокот на сили на кои се сметаше и кои објективно не беа така големи како во споредба со вкупните мобилизациски капацитети на државата, така и во споредба со големината на хрватската војска, операцијата е изведена, со намалени цели и со неспоредливо повеќе тешкотии и губитоци кои инаку би ги имало.

Задачите на операцијата останаа исти. Идејата за маневри мораше делумно да се модификува со тоа што задачите на поедини групации на копнената војска се ускладени според објектите и времето на силите со кои располагаат. Заради недостаток на планирани сили не беше возможно операцијата да се изведе во еден замав и така брзо да се порази главнината на хрватската војска која инаку и бројчано беше значително појака од ангажираните единици на ЈНА, туку тоа мораше да се извршува почесто и во подолг временски период.

За војните акции на ЈНА во Славонија, Банија, Кордун, Лика...
Главната групација на копнената војска на ЈНА, претежно оклопно-механизирани единици во Источна Славонија, имаше две задачи: прво, да ги ослободи српските краеви во Источна Славонија; и второ, да биде главната маневарска сила на Врховната команда за пробивање кон Загреб и Вараждин. Групацијата ја заврши првата задача, меѓутоа потроши доста време, пред се затоа што и недостасуваше предвидената пешадија која би ги следела тенковите, а која требаше да ја добие од мобилизацијата. Покрај ова, т.нр битка за Вуковар, беше битка со главнината на хрватската војска која по секоја цена сакаше да ја задржи Источна Славонија и Банија во своите раце. Оваа битка групацијата на ЈНА во Источна Славонија, ја доби, поразувајќи ја главнината на хрватската војска, и по ослободувањето на Вуковар, беше подготвена за продолжување на дејствата кон запад. Иако во однос на почетниот план на операција, од причини кои ги наведов, таа доцнеше за втората задача. Нејзиниот успех и опасноста од нејзиниот продор кон Загреб битно влијаат за Хрватска да го прифати планот на Венс.

Дејствата во Западна Славонија на правецот Градишка - Пакрац - Вировитица; иако со почетниот план беа предвидени како многу значајни за целокупната идеја за маневри со задача пресекување на излезот на хрватските сили од Источна и Средна Славонија и овозможување на брз продор кон Загреб и Вараждин, во време кога почнуваат борбените дејствија тие се изнудени од востанието на српскиот народ во Западна Славонија заради одбрана од усташките напади кои беа насочени на српските жители на Западна Славонија. За дејствијата во овој правец, со почетниот план за операција се предвидени сили, покрај оние кои ЈНА веќе ги имала во поширокиот регион на овој правец, од уште пет нови бригади. Иако силите на ЈНА во овој правец, од причините кои ги наведов, влегуваат во борба многу порано отколку што беше предвидено со модификуваниот план, тие сепак постигнуваат многу добри почетни резултати.

Кон ова значително придонесува и масовното востание на српскиот народ во Западна Славонија. Меѓутоа, се на се оваа групација само делумно ја извршува својата задача. Најважна причина за ова е тоа што групацијата заради неуспешната мобилизација не ги добила планираните пет бригади, туку само еквивалент на една и пол бригада, со тоа што оние кои стигнаа на фронт, го напуштаа во текот на борбите.

Да стигнеа предвидените бригади, па дури и со задоцнување, најголемиот број од проблемите кои подоцна настанаа воопшто немаше ни да се појават. Никаде неуспехот на мобилизацијата за кој зборував не се одрази така негативно на ситуацијата како во Западна Славонија.

Тоа секако негативно се одрази и на можноста за давање благовремена помош на блокираните гарнизони на ЈНА од загрепскиот и вараждинскиот корпус. Но кога станува збор за вараждинскиот корпус треба да се истакнат две работи. Прво, Врховната команда не дала согласност за предавање на кој било гарнизон. Тоа никој не го ни предложил. Второ, имаше гарнизони во Хрватска во слична или полоша ситуација, меѓутоа со упорна и добро организирана одбрана придонесоа во извршување на задачите што ЈНА ги имаше во војната во Хрватска и дочекаа да бидат деблокирани.

Треба, меѓутоа, да се каже дека српската востаничка војска во Западна Славонија беше толку бројна и толку наоружана, што со адекватна војничка организираност и подготвеност за борба; како и непосредно тактичко содејство со единиците на ЈНА на овој простор, апсолутно беше во состојба да потоплоно ги држи под контрола почетно ослободените српски територии во Западна Славонија.

Голема улога во создавање на паника меѓу востаниците, ширење лаги, за предавство и слично, одиграа и специјално подготвените и таму испратени емисари од Белград, како и оние кои усташите успеаа да ги уфрлат во редовите на востаниците. Во ниту еден друг дел од Српска Краина, меѓу српските востаници, немаше таква појава.

За дејствата на просторот на Банија, Кордун и Лика, со почетниот план, освен ангажираните сили, беа предвидени уште четири бригади на ЈНА. Наместо тоа стигна еквивалент на само една бригада. Заради ова и задачите на оваа групација мораа да бидат намалени. Со одредени проблеми и губитоци, оваа групација ги изврши своите редуцирани задачи.

Книнската групација главно ги доби сите, со почетниот план на операцијата, предвидени засилувања. Таа и сите свои задачи извонредно ги заврши, маневрирајќи по т.нр. внатрешни правци, префрлајќи го тежиштето од еден правец на друг. Потполно ги ослободи сите српски краеви во својата зона на дејствување, ја пресече Хрватска кај Задар, ги деблокираше гарнизоните во Сињ, Дрниш и Задар, помогна на воено-поморската област во деблокадата на Шибеник, се закани во Сплит и многу помогна во ситуацијата во Лика.

За Дубровник
Мостарската групација успеа да собере и придвижи се на се околу еден третина од силите предвидени со планот. Заради ова и почетната задача мораше суштински да се измени и да се ограничи на обезбедување на мостарскиот аеродром и потпирање на Источна Херцеговина за создавање на оперативна основа за потенцијални дејствија кон Сплит во соработка со силите на книнската групација и воената морнарица. Мостарската групација ја изврши оваа ограничена задача, меѓутоа создавајќи доста проблеми на теренот.

Требинско-херцеговската групација со изменетиот план имаше задача да ја ослободи Превлака, да го блокира поширокиот реон на Дубровник од копно и да биде подготвена за дејствија на устието на Неретва.

Силите предвидени за оваа задача, групацијата ги доби благодарејќи на успешната мобилизација во Источна Херцеговина и Црна Гора. Задачата беше извршена ефикасно и брзо.

Притоа имаше неконтролирани и самоволни постапки во дејствијата околу Дубровник кои нанесуваа штета. Имено, постоеше моја изричита наредба со која е фиксирана линијата преку која нашите единици не смеаа да му се приближат на Дубровник.

Таа линија - вон дометот на минофрлачите и артилеријата од среден домет од воените положби во Дубровник - е утврдена затоа што беше јасно дека хрватската војска ќе го искористи баш Дубровник за да ги нападне нашите единици, како ние би вратиле по нив во Дубровник, или да трпиме загуби од нивниот оган, а притоа да не одговараме на ова.

И покрај повеќекратното предупредување, некои единици гонејќи ја хрватската војска која бегаше, ја прешле оваа линија. Сепак, на стар Дубровник ЈНА не враќаше со оган иако од таму беше пукано на неа.

Придонесот на херцеговско - требинската групација во остварувањето на вкупните цели на операцијата беше многу значаен, бидејќи со ослободувањето на Превлака и нејзиниот поширок регион, обезбеден е Бока-Которскиот залив за воената морнарица, а со блокирање на Дубровник створена е контратежа на блокираните единици на ЈНА.

---------------

Комлетниот труд: Вељко Кадијевиќ - Моето гледање на распадот

извор Време

4 ноември 2014 - 21:04