На листата на луди генијалци освен Неш се и Ван Гог, Ротко, Вирџинија Вулф, Хемингвеј, Силвија Плат, Роберт Шуман и Емили Дикинсон. Самата идеја за луди гении е уште од времето на Платон и Аристотел. Денес добар дел од психолозите сметаат дека оваа претпоставка е крајно неточна.
"Противниците на идејата за луди гении имаат два солидни факти. Прво, бројот на креативни гении во историјата на човековата цивилизација е многу голем. Затоа, овие луѓе дури и да се помалку склони кон психопатологија отколку просечниот човек, бројот на генијалци со ментални болести може да биде екстремно голем. Второ, постојаните жители на менталните институции обично не создаваат креативни ремек дела. Најблиско нешто до ова е озогласениот Маркиз де Сад. Дури и во овој случај неговото најголемо дело (или барем најсадистичко) да е напишано додека тој е затворен како криминалец, а не институционализиран како лудак," објаснува професорот по психологија на Универзитетот на Калифорнија, Дејвис, Дин Симонтон во текстот за Наутилус.
Поврзаноста меѓу креативноста и лудилото генерално се сведува на тоа дека најголемите "напади на креативност" во основа се когнитивна незaузданост - односно тенденцијата да се посветува внимание на работи кои вообичаено би биле игнорирани или филтрирани од страна на нашето внимание затоа што изгледаат како нерелевантни. (Пример за ова е Флеминг кој забележува дека сина мувла ги убива бактериите во неговите експерименти, па наместо да ги фрли садовите, тој ја анализира мувлата и го открива пеницилинот за што добива Нобелова награда.) Она што е лошо е што недостатокот на когнитивна инхибиција е научно поврзан со психопатологија.
И покрај сличностите, шизофрениците и креативните гении се различни групи, пред сè благодарејќи на супериорната интелигенција на овие вторите.
"Оваа интелигенција ја воведува неопходната когнитивна контрола која му овозможува на човек да го оддели житото од плевелот. Бизарните фантазии се разведени од реалните можности.
Според овој концепт, високата интелигенција е клучна за креативните гении, ама само кога е во комбинација со когнитивна незаузданост. Вонредната интелигенција сама по себе носи корисни ама неоригинални и неизненадувачки идеи. Мерилин вон Савант влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек со најголем регистриран коефициент на интелигенција, ама сепак не успеа да најде лек за ракот или да изгради подобра стапица за глувци," пишува Симонтон.