Њујорк Тајмс објави опширен и одличен профил на чудесниот режисер на мементо, трилогијата за Бетмен, Инсепшн, Интерстелар и дузина веќе култни филмови.
Неколку поенти, дижестирани:
- Нема е-маил адреса.
- Никогаш не доцни никаде.
- Никогаш не работи за викенди.
- Исто како и Стив Џобс, секогаш носи иста облека. Во неговиот случај темно струкирано палто, сина кошула, црни панталони. Кога е поладно и елек, рибина кост, долно копче откопчано.
- Зависник е од чај и секогаш со себе носи резервно ќесиче. Мајкл Кејн (кој го играше Алфред Пениворт, батлерот на Бетмен), го има сумњато дека чајот му е само маска за да пие вотка. Неточно.
- Пред да почне да снима филм, сака главната идеја на филмот да ја запише на старата машина за пишување на татко му. На тоа одвојува до две недели.
- Пробува да изведе што е можно повеќе специјални ефекти пред камера, за да останат помалку за во постпродукција. Еден координатор за постпродукција за The Times има изјавено дека има изработено повеќе специјални ефекти за романтични комедии отколку за The Dark Knight Rises.
- Заради истата желба од погоре, прави енормни сетови во напуштени авионски хангари. Толку големи што директор на Ворнер еднаш се има изгубено за време на лажен дожд на сетот на Готам.
- Упорно преферира аналогна 35 милиметарска лента пред дигиталните опции. Толку многу што дошол во Њујорк само за да провери дали кино салите се прописно наместени да го проектираат Интерстелар на премиерата.
- Дури и видео трансмисиите користени во Интерстелар, кои имаат квалитет на Скајп видео, ги снимал на 35 милиметарска лента.
Целиот текст овде