Во колумната за Вајард, коавторот на Wake me up, Алое Блак, објаснува дека во моменталната ситуација авторите на песни и пејачите, се третираат како луѓе чија работа нема никаква вредност. За разлика од сите останати креативни индустрии, текстописците имаат се помала контрола на својата работа. Ако фалсификуваш чанта или без дозвола користиш лого на некој тим инстантно ти следува тужба. Ако ти треба некој технички патент, мора да добиеш дозвола од оригиналниот креатор.
"Ама светот не функционира така за авторите на песните. По закон, мора да дозволиш кој било бизнис да ги користи песните што ќе ти ги побара, се додека тие се согласат да ја платат цената, која најчесто, не е поставена на слободниот пазар. Немаме избор. Во таква ситуација ние немаме моќ да ја заштитиме вредноста на музиката што ја создаваме," пишува Блак.
Според негови пресметки и од парите што го добил, Пандора на авторите на песните за секои 1 милиони пуштања им исплаќа по 90 долари. Конкретно за Wake me up, од Пандора, тој лично, заработил 4.000 долари.
За Блак иронијата во моментот е што се повеќе луѓе уживаат во музиката, на се повеќе места и на различни начини, а тие што ја прават музиката заработуваат се помалку пари. Тој објаснува дека една од главните причини за ова е што правната рамка за нивната компензација е поставена во 1941-ва, а одлуките за давање согласност (за користење на делото) последен пат се апдејтувани во 2001-ва, пред воопшто да постои Ајпод.
Уште едно пуштање на песната нема да и смени колку пари не заработила: