Не е дека САД се воздржува или ги штеди водачите на ИСИС, туку, како што објаснува Форин Полиси, "за да ги убијат, тие прво мора да ги најдат нив, а ова изискува уште повеќе човечки извори на земја," кои Американците и онака ги немаат. Проблемот со недоволните информации е стравот дека ако извршат напад, можат да предизвикаат масовни цивилни жртви.
Сите врски што американската армија ги изградила во Ирак во изминатата декада, беа прекинати кога САД ја напушта земјата во 2011-та. Моментално американските специјални сили "се обидуваат да ги изградат овие врски, од многу помал размер и во многу поинакви околности."
Што се однесува до ал Багдади, се претпоставува дека тој управува со ИСИС од Рака, "ама минува време и во Мосул." Неговото прво појавување во јавност беше годинава во јули кога водеше една молитва во Големата Џамија во Мосул.
Анализирајќи што би било, се проценува дека успехот на нападите и ќарот од потенцијалното убиство на ал Багдади зависи од тоа колку тој им има делегирано работа на своите главни помошници - Абу Муслим ал Туркмани и Абу Али ал Анбари. Ако наследникот на Багдади е веќе познат, тогаш неговата елиминација би имала многу помало влијание.