Грип
Секоја вакцина за грип почнува со вирусот на грип: генетски материјал спакуван во плик од протеини и масти, засилен со уште повеќе протеини - антиген - кои го активираат имунитетниот систем на телото. Од илјадниците можни варијанти на грип, Светската здравствена организација собира информации од 141 лабораторија околу светот и утврдува кои варијанти е најверојатно да се шират. Бидејќи се потребни околу 6 месеци за произведување вакцина, СЗО ги избира 4-те видови на 9 месеци пред почетокот на сезоната на грип: два А вируси (кој можат да заразат и луѓе и животни, како свинскиот грип) и два Б вируса (кои претежно заразуваат луѓе).
Протеин од јајца
Производителите вирусот на грип го растат во оплодени јајца од кокошка - околу стотици милиони секоја година. Научниците ги инјектираат вирусите во течноста меѓу ембрионот и лушпата, каде што вирусите се реплицираат. Потоа течноста се врти во центрифуга, заедно со други раствори со различна концентрација за вирусот да се оддели од остатокот од протеинот. Во крајната вакцина може да има останати траги од јајце.
Формалдехид
Без формалдехид, вакцината би била заразен вирус во шишенце. Оваа молекула (која е растворлива во вода) ги вкрстува врските на протеинот во вирусот за тие да не можат да предизвикаат болест. Една вакцина може да содржи и до 100 микрограми формалдехид. Вашата крв природно содржи околу 13.000 микрограми, така што овие дополнителни 0,8% речиси и не се забележуваат.
Octylphenol ethoxylate
Како што се реплицира вирусот, тој собира дел од мембраната на јајцето за да ги задржи заедно протеините и генетскиот материјал. Соединението го чисто сето ова што по пат го собрал вирусот.
Желатин
Целиот желатин се произведува од животински колаген. Оваа верзија која служи за стабилизирање на компонентите на вакцината за време на испораката и складирањето, се произведува од свински делови. Луѓето кои се алергични на мачмелоу или гумени бонбони (кои се произведуваат со желатин од свиња или говеда) може да имаат алергиска реакција на вакцината. Ова се ретки случаи, околу 1 во 1 милион дози.
Тиомерсал
Некои луѓе (погрешно) сметаат дека овој презерватив ги прави вакцините опасни. Напротив, ги прави ампулите со повеќе дози побезбедни, ги штити од бактерии и габи по повеќекратно боцнување на иглата. Вашиот организам го разлага тиомерсалот на тиосалицилат и етил жива - што за разлика од метил живата која ја содржи морската храна и се таложи во вашиот организам, за неколку недели ја снемува од вашиот организам.