Пишувајќи ја книгата, Роналд Пулсен разговара и анализира 40 посветени неработници. Тој ја анализира книгата на француската авторка Корин Маие, Bonjour Paresse (Добар ден мрзо), според која социјалните науки мизерно не успеале во разбирање на механизмите на канцелариската работа. Ова се случува затоа што "луѓето кои најмногу зборуваат за ова - универзитетските професори - никогаш не работеле таму (во канцеларија)." Долги години работејќи како бирократ во француското електростопанство таа тврди дека работа се повеќе се сведува на "преправање" во канцеларија, "изгледот важи повеќе отколку производот, заблудата повеќе од производството."
На тема изглед и содржина, тој го анализира и Скот Адамс, авторот на Дилберт, кој објаснува дека постои клучна разлика меѓу работа и продуктивност: "Работа може да биде дефинирана како што било што попрво не би го правел, продуктивноста е сосема друго нешто."
"Ако морам да ги опишам моите 16 години на корпоративно искуство во една фраза, тоа би било 'преправање на додавање вредност.' ... Клучно за напредување во кариерата е да изгледаш корисен и покрај сите докази кои го покажуваат спротивното... Ако денес додадеш каква била вистинска вредност на компанијата, твојата кариера веројатно не оди во добар правец. Вистинската работа е за луѓе на дното кои планираат да останат таму," пишува Адамс во предговорот на колекцијата на Дилберт, This Is the Part Where You Pretend to Add Value.
Роналд ја споменува книгата The Pale King, од Дејвид Фостер, во која вработен во УЈП умира на биро додека прегледува даночни пријави и таму останува неколку дена пред некој од канцеларијата да го забележи дека е мртов. Во вистинскиот свет ова се случува во Финска во 2004-та, кога еден вработен во тамошното УЈП умира додека прегледува даночни пријави. И покрај тоа што работи со 100 луѓе на исти спрат и со 30 луѓе во исто одделение, минуваат два дена пред некој да го забележи. Човекот е откриен дека е мртов дури откако еден пријател доаѓа на работа за да го викне на ручек.
Во разговорите, Роналд заклучува дека дел од неработењето е и затоа што луѓето чувствувале дека немаат доволно задолженија, како примерот со Швеѓанец вработен во банка кој работел само 15 минути на ден затоа што шефот не му давал повеќе работа.
Слично е и објаснувањето на херојот што 14 години ништо не сработел, во интервјуто за Билд тој објаснил дека не избегнувал работа, туку како што растел неговиот оддел, така неговите задачи им биле предавани на други. "Јас никогаш не се нервирав за ова. Јас секогаш ги нудев своите услуги, ама не е мој проблем што тие не ги сакаа."