Гугл ги има сите поволности од бајки за своите вработени, ЕрБиЕнБи на вработените им дава по 2.000 долари годишно за да патуваат низ светот, Запос има стратегија во која на вработените во секое време им дава пари да си одат од компанијата ако не се среќни.
Паниката на компаниите околу среќата на своите вработени е затоа што до сега се уверија колку им штети кога тие се несреќни, и тоа по основа на пад на продуктивност и заминување на талент.
Компанијата ТајниПулс за своите клиенти открива по кои основи би можеле нивните вработени да бидат несреќни. Тие имаат околу 500 клиенти, на чии вработени еднаш неделно им праќаат анкети од по едно прашање со кое проверуваат што тие мислат за одредени работи во компанијата.
Од околу 200.000 анонимни одговори, тие изработија извештај за маките на вработените. Според него, само една петтина од вработените чувствуваат дека некој ги вреднува на работа, и покрај тоа што (во истото истражување) 71% изјавиле добиле пофалба од претпоставениот во претходните две недели. Речиси 50% од вработените не се задоволни од својот директен претпоставен.
Овие бројки се и покрај тоа што според Галуп, САД и Канада се на врвот на светот по работници кои се психолошки посветени на својата работа, со просек од 29% (во Западна Европа просекот е 14%).