Тужбата е поднесена од еден дистрибутер на Хербалајф во Калифорнија кој тврди дека компанијата го прекршува Законот за бескраен синџир. Дана Бостик тужел во април 2013-та, тврдејќи дека не можел да ги продаде своите производи затоа што дистрибутерите кои се повисоко од него во хиерархијата, добиваат поголеми попусти кога купуваат од Хербалајф. Бостик тврди и дека структурата на Хербалајф систематски повеќе наградува регрутирање на нови дистрибутери отколку продажба на производи.
"Кога се регрутира нов дистрибутер на Хербалајф, тој купува пакет Хербалајф производи, кои потоа треба како знае да ги продаде. Едно големо прашање е дали компанијата заработува пари затоа што има 'крајни корисници' кои ги користат овие производи, или всушност целата продажба е од задолжителните пакети на новите дистрибутери кои се намамени да купуваат големи купови производи кои никогаш нема да можат да ги продадат," пишува Бен Матис Лили во текстот за Слејт.
Таа дополнително објаснува дека иронијата со Хербалајф е што "иако нивните корисници плаќаат и ги користат 'Cell Activators' и 'Male Factor 1000' пилулите, овие луѓе најверојатно плаќаат за плацебо ефект. Затоа што се сметаат за суплементи, производите на Хербалајф не мора да ги минуваат тестовите на ФДА, и се продаваат со предупредување дека тие не се наменети да 'третираат, спречуваат и лечат болести.'"