100 години долг

Прва масовна и заради одредени одлуки една од најскапите војни (Германија да им плаќа репарација на победниците), во 2014-та, 100 години по почетокот, Британија уште го отплаќа својот долг од учеството во Првата светска војна.

Британија
По основа на Обврзници за националната војна, издадени во 1917-та за поддршка на воените напори, годинава Британија ќе исплати 278 милиони евра од останатиот долг од 2,5 милијарди долари. Овие обврзници беа пуштени со камата од 5%.

Десетина години по пуштањето на обврзниците Винстон Черчил ги претвора во 4-процентни консолидирани заеми. Тогашниот канцелар Невил Чемберлен, притиснат од Големата депресија, по основа на патриотизам, овие хартии од вредност (4-процентните) ги претвора во постојани обврзници - што значи дека тој што ги издал не мора никогаш да го исплати основниот влог се додека ја плаќа каматата, што тогаш тој ја скратува на 3,5%.

Во февруари за прв пат по 67 години, владата ќе исплати мал дел од долгот за обврзниците. Моментално има 11.200 сопственици на овие обврзници, од кои 92% поседуваат под 10.000 фунти од нив (12,7 илјади евра).

Меѓу долговите кои влегуваат во 4-процентните обврзници се и долгови од 18-от век, кога тогашната влада издала наредба за спасување на неколку трговски компании од Финансиста криза од Јужното море, преку издавање обврзници.

Германија
На 3-ти октомври 2010-та Германија конечно го отплати својот долг од Првата светска војна. Вкупна сума 269 милијарди марки, или околу 96.000 тони злато.

Обемот на репарациите е баснословен пред се заради Франција, која била толку разрушена што стравувала дека ако не и се побараат толку пари на Германија, таа ќе може повторно да закрепне, да се издигне како воена сила и да нападне. Заради сумата оставка си поднесува и Џон Мајнард Кејнз, кој бил претставник на Британија на Париската мировна конференција.

САД
Пред Првата светска војна, САД речиси и да немале долгови (во 1916-та долгот бил само околу 2,7% од вкупната економија). Растот на долговите поврзан со Првата светска војна се должи на продавањето обврзници на јавноста. Војната САД ја завршуваат со долг од 33% од БДП-то, или околу 25 милијарди долари.

САД прилично доцна се вклучуваат во војната, и најголемиот дел од трошоците го прават по војната кога Британија и Франција од нив позајмуваат големи суми кои не можат никако да го вратат, пред се затоа што Германија ним им должи пари, кои никако не може да им ги врати.

Во 1924-та американскиот потпретседател Чарлс Дос предлага план според кој САД треба да и позајми пари на Германија за исплаќање репарации на Франција и Британија, кои потоа истите пари ќе можат да ги искористат за отплаќање на сопствениот долг кон САД.

3 ноември 2014 - 09:56