Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Нова стратегија на Путин за заштита на рускиот идентитет 

Додека дипломатите и генералите водат преговори за територијални разграничувања во Украина, Путин објави нова долгорочна стратегија за зацврстување на рускиот идентитет и јазик во Федерацијата, вклучувајќи ги и териториите анектирани од Украина. Целта е да се зајакнат единството, заштита на културните вредности и борбата против ширење русофобија низ светот.

Украина со песна урива руски „кинжали“

Украинската противвоздушна одбрана му ја најде слабата точка на најнапредниот руски хиперсоничен проектил „кинжал“, за кој Владимир Путин кажа, а Џо Бајден потврди, дека е „скоро невозможно“ да се спречи да ја уништи целта. Му ја попречуваат навигацијата со дигитален шум. Го соборуваат буквално со песна, и тоа со онаа што најмногу ги нервира Русите.

Како се евакуираат 15 милиони луѓе?

Природата го прави она што не успеаја санкциите и воздушните напади. Иран ја преживува шестата година на жестока суша. Проблемот е толкав што претседателот Масуд Пезешкијан најави можна евакуација на мултимилионскиот Техеран ако не заврне дожд до крајот на ноември. Водата ем ја немаат доволно, ем ја губат по пат. На секои три години, Иран губи вода колку едно Охридско езеро.

Геј-брак во една членка важи за сите во ЕУ

Судот на правдата пресуди дека сите членки на Европската Унија, дури и оние во кои не е дозволен брак на лица од ист пол, се обврзани да ги почитуваат правата на геј-двојките што склопиле легален брак во друга европска држава. Иако таквите заедници се забранети со Устав, тие мора да бидат регистрирани и мора да им се почитуваат брачните привилегии на двојките.

Америка не се откажува од венецуелската нафта

Според официјални извори во САД, државата влегува во нова фаза во нејзините операции против Николас Мадуро, главната пречка за нивните замисли за оваа земја. Една од мерките е прогласување на Картел де лос Солес за терористичка организација, што им отвора палета нови алатки за притисок. А тоа штотуку го направија. Причини за сето ова? Професорот Џефри Сакс објасни: Просто е.

Брисел не се откажува од контролата на секој збор на интернет

Европската Унија официјално се откажа од следење и контрола на приватни разговори на интернет, но зад затворени врати изработи нов нацрт во кој на провајдерите им се остава можност „доброволно“ да ги следат четовите на корисниците и секоја сомнителна содржина да ѝ ја пријавуваат на државата. Се очекува амбасадорите на ЕУ утре да го одобрат законот без дискусија.

САД го скратија мировниот план на 19 точки, поприфатливи за Киев

По инсистирање на украинските преговарачи, Американците го скратиле мировниот план од оригиналните 28 на само 19 точки, кои наводно се прифатливи за Киев. Деветте точки што излегувале надвор од „црвените линии“ на Украинците не се целосно исфрлени, туку се оставени „во загради“. За нив лично ќе преговараат претседателите Трамп и Зеленски.

Наскоро ќе запре растот на ЦО2

Емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата се зголемуваат со години, но прашање на месеци е кога ќе го достигнат врвот, по кој ќе почне да се намалуваат, покажуваат нови методи на набљудување. Тоа е поради интензивните мерки на Кина, која од најголем загадувач сега стана предводник на глобалните напори за производство на енергија од чисти и обновливи извори.

Сорос и Фаучи треба да се во затвор

Католички надбискуп во немилост на Ватикан ја обвини глобалистичка елита дека преку моќните западни влади спроведува сопствената агенда на строга контрола на луѓето, бранејќи ја со цензура, заплашувања и апсења. Наместо борецот за слобода Рајнер Филмих, зад решетки треба да бидат Ентони Фаучи, Џорџ Сорос, Бил Клинтон и Урсула фон дер Лaјен, вели надбискупот Вигано.

Минесота ги финансира терористите во Сомалија

Сомалиската заедница во Минесота формира фиктивни добротворни организации за да цица милиони долари социјална помош за луѓе од најранлива категорија. Лажно пријавува луѓе за програмите, а парите ги користи за луксузирање или ги праќа во Сомалија, каде што терористите од Ал Шабаб собираат рекет. Трамп ја прекина заштитата на Сомалијците од депортација.

САД и Украина се близу до договор за крај на војната

Вашингтон и Киев за еден ден преговори во Женева ги приближиле ставовите за крај на војната повеќе отколку во изминатите девет месеци. САД прифатиле измени во оригиналниот план од 28 точки, а Украинците се согласиле со основата – да ѝ отстапат територии на Русија и да заборават на НАТО. Европа објави сопствен план, кој е апсолутно неприфатлив за Москва.

Катарски милијарди во американските школи

Катар наводно вложил повеќе од 20 милијарди долари во американски универзитети и други врвни академски институции како дел од долгорочниот план на Муслиманското братство да се инфилтрира во САД и да ја „уништи“ демократијата одвнатре, предупредува истражувачки институт. Додаваат дека малициозното финансирање можеби е и фрапантно поголемо.

Германците плаќаат 4 пати поскапа струја од Унгарците

Извештај од Меѓународната агенција за енергија открива дека унгарскиот главен град Будимпешта, во октомври имал најниски цени на електрична енергија во Европската Унија. Истовремено, германскиот главен град Берлин е рангиран како главен град со најскапа цена на струја во Европа. ЕУ не е среќна со овој резултат и се правдаат дека тоа на Орбан е руска енергија.

ЕУ гради економија за свет што исчезнува

Економијата и безбедноста на Европската Унија се потпираат на претерана зависност од трговијата и политичките односи со земјите од Третиот свет од времето на глобализацијата, кое полека завршува, предупредува шефицата на Европската централна банка. Ако сака да бележи раст, Брисел мора итно да се прилагоди кон новата глобална реалност на протекционизмот.

ВИ може да штелува анкети по нарачка

Јазичните модели со вештачка интелигенција може лесно и незабележано да ги корумпираат анкетите за јавни мислења. Со ефикасност од 99,8% ги поминуваат проверка и дали на прашањата одговара човек или машина. Може да се злоупотребат за билдање предизборен рејтинг, но и да генерираат лажни податоци на кои потоа се темелат економски или здравствени политики.

Британците им затвораат врата на извршителите од ББЦ

Уште пред да биде обелоденет скандалот со пристрасното информирање, ББЦ лани останал покус за половина милијарда фунти, бидејќи незадоволните Британци масовно одбиваат да ја платат задолжителната радио-телевизиска такса. Не помогнало тоа што биле зголемен бројот на извршителите, кои лани 2 милиони пати посетиле домови на неплаќачи. 

Трамп ја враќа тужбата против Хилари за Русијагејт

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ја обнови својата неуспешната граѓанска тужба против Хилари Клинтон, која ја обвинува дека му ја монтирала „руската врска“ за да му ја минира кампањата за изборите во 2016 година. Првичната тужба на Трамп беше одбиена во 2022 година како „несериозна“ и поради тоа беше казнет со 1 милион долари.

САД ќе им даваат приоритет на природните човекови права

Стејт департментот прави драматичен пресврт во извештаите за почитувањата на човековите права низ светот. Амбасадите добиле упатства да посветат поголемо внимание на злоупотребите на правата „дадени од Бога“, со акцент на задушувањето на слободата на изразување. Извештаите опфаќаат 198 земји и служат како основа за судски пресуди во целиот свет.

Порешителни мерки против ковид ќе спречеле карантини во Британија

Ако британските власти реагирале навремено со строги мерки на почетокот на пандемијата на ковид, ќе биле избегнати 23.000 човечки жртви во првиот бран и воопшто ќе немало потреба од понатамошни карантини. Мерките што ги спроведе тогашната влада на Борис Џонсон биле задоцнети и преслаби, се заклучува во темелен извештај на 1.531 страница.

Трамп очекува мир во Украина до декември

Администрацијата на Трамп им дава на Украина и на Русија „агресивен“ временски рок да го прифатат предлогот од 28 точки, за да заврши војната до крајот на оваа година. Од Зеленски се очекува да го потпише мировниот договор пред Денот на благодарноста – идниот четврток, а од Москва до почетокот на декември, за да заврши војната до крајот на оваа година.

САД сакаат Германија да ја преземе командата на НАТО

САД планираат да го комплетираат военото повлекување од Европа со предавање на командата врз силите на НАТО. Од сојузниците очекуваат да преземат уште поголема одговорност за сопствената одбрана. Никој офицер од Европа досега не ги командувал силите. За нив е резервирана политичката функција генерален секретар и бирократската – шеф на воениот комитет.

Мета мора да им плати половина милијарда евра на шпански портали

Шпански суд му нареди на технолошкиот гигант Мета да им плати отштета од над половина милијарда евра на дигитални медиуми затоа што настапил како монопол во рекламирањето и ги спречил да остварат профит. Компанијата на Закерберг незаконски преземала лични податоци од корисници на социјалните мрежи и ги користела за персонализирано рекламирање.

ЦДЦ повторно предупредува: Вакцините може да предизвикаат аутизам

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести на својата веб-страница објави предупредување дека вакцините може да предизвикаат аутизам. Досегашниот став дека вакцините немаат врска со аутизмот ги прекршувал законските стандарди. За основа било прифатено старо истражување, а новите студии што укажуваат на можна врска биле игнорирани.

Шеријатот пушта корени во француската Република

Мнозинството млади француски муслимани повеќе го почитуваат шеријатот од законите на Републиката. Помасовно одат во џамии и постат на Рамазан. Мажите помалку пијат алкохол, а девојките почесто си го кријат лицето, покажува нова анкета. Историчари ова го толкуваат како последица на организиран обид на радикални групи да ја исламизираат Франција.