Вести

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Нов закон во Белгија:

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Речник

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Армијата на САД вежба масовни погребувања војници

Инженерски единици на американската Армија повторно почнаа да обучуваат да копаат привремени масовни гробници на бојно поле, активност што ниту се практикувала ниту била потребна уште од Корејската војна во 1953 година. Низ обука поминуваат и свештеници. Целта е да се зачуваат телата на паднатите борци и достоинствено да се испратат со верски обреди. 

Чии се златните резерви на Италија, на Банката или на народот?

Пратениците од десничарската коалиција на Џорџа Мелони вршат притисок златните резерви на Италија да бидат прогласени за „сопственост на италијанскиот народ“, а не на Централната банка. Тоа не значи дека Италијанците преку ноќ ќе се збогатат, туку дека владата ќе може да го продава златото за да ги затне дупките во буџетот и да ги плаќа долговите.

ФДА признава: Здрави деца настрадале од вакцините за ковид

Вакцините против ковид придонеле за смрт на најмалку 10 здрави деца што не биле загрозени од вирусот, потврдила внатрешна истрага на Администрацијата за храна и лекови на САД. Врз основа на оваа истрага директорот на Центарот за истражувања во ФДА најави воведување нови стандарди за безбедност и построг пристап за одобрување на вакцини. 

Трамп ќе го помилува нарко-претседателот на Хондурас

Доналд Трамп ненадејно најави дека ќе го помилува поранешниот претседател на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез, осуден во САД на 45 години затвор поради трговија со дрога. Вели дека Ернандез бил третиран „сурово и неправедно“. Не е само Трамп. И администрациите на Обама и Бајден го поддржуваа човекот кој се заканувал дека „ќе го наполни со дрога носот на грингосите“.

Науката брза да создаде чоколадо без какао

Eксплоатирано до крајност, какаото повеќе не може да го задоволи глобалниот апетит за чоколадо. Природата го создала да вирее само во тесен појас околу екваторот, особено во Африка. Во битка за пазарот од стотина милијарди долари годишно, технолози, ботаничари и генетичари развиваат алтернативни чоколади што ќе го прелажат истенченото сетило за вкус. 

Водните резерви на Европа се сушат

Пред неколку дена пишувавме за проблемот со вода во Иран. Истиот проблем сега е пред портите на Европа. Огромни волумени од водните резерви на Европа се исцрпуваат, открива нова анализа која користела сателитски податоци од две децении. Складирањето на слатка вода се намалува низ јужна и централна Европа, од Шпанија и Италија до Полска и делови од Велика Британија.

Јапонија нејќе ширeње на муслиманските гробишта

Јапонска пратеничка категорично се спротивстави на барањата од странци, особено од муслимани, за проширување на гробиштата. Филозофијата на Јапонците е дека увезуваат труд, но не прифаќаат наметнување обичаи или закони што се спротивни на домашната традиција и култура. Не случајно пред 13 века решиле да ги кремираат мртвите - за да остане повеќе простор за живите.

Зеленски им остава на корумпирани соработници да ја решаваат судбината на Украина

Се чини дека примањето мито и лојалноста кон претседателот се главните адути за позицијата што ја решава судбината на Украина. Откако го смени корумпираниот Јермак, претседателот Зеленски за шеф на преговарачкиот тим постави друг лојален сојузник, вмешан во истиот скандал, а на Американците им се жали дека „антикорупционерите му ги саботираат напорите за мир“.

За колапсот на белоруската про-западна опоцизија

Светлана Циханоускаја од западните влади и медиуми беше прогласена за спасител и легитимен лидер на Белорусија. Но, протечени е-пораки откриваат дека нејзината сè понепопуларна кампања за власт во Минск речиси пропаднала под товарот на корупциски скандали и внатрешни борби. Бранот обелоденети скандали ги натера странските спонзори постепено да ја напуштат нејзината крстоносна војна за соборување на Лукашенко.

220 судии против Трамп

Американските пониски судови се преплавени од судски процеси покренати од луѓе кои ги погоди новата политика на мигрантската служба на државата која, иако таму се со децении, ги третира како новодојденци. Притоа, голем и сè поголем број судии, вклучително и оние кои се назначени од Трамп, ги укинале досудените притвори сметајќи ги за противзаконски.   

За едно место во државна служба 6.000 кандидати

Отворањето и пазарните реформи ја направија сиромашната Кина втора економска сила во светот, земја со 450 милијардери, но за многумина Кинези останало старото добро правило - државна работа си е државна работа, пристојна плата и безбедна позиција до пензија. За исцрпувачкиот испит за државна служба што ќе се одржи овој викенд се пријавиле милиони кандидати.

Фаучи го организирал масовното криење на изворот на ковид

Ентони Фаучи, шефот на здравствената политиката на САД од времето на пандемијата, бил целосно вклучен во масовните напори за прикривање на потеклото на коронавирусот, тврди првиот човек на Администрацијата за храна и лекови. Фаучи ги притиснал експертите за здравство да ја прифатат неговата теорија дека вирусот не потекнува од лабораторија.

Хомофобија кон човек кој те тепал?

Британска самохрана мајка на четири деца е осудена за злосторство од омраза поради испратени СМС пораки во кои човекот што ја претепал го нарекла „педер“. Ја пријавила пријателка на која ѝ ги испраќала пораките а со која се скарале за нешто. Дотичниот никогаш не бил гонет. 

Европскиот грабеж на руските милијарди ќе ги уништи мировните преговори

На Европската комисија ѝ се брза да ѝ заплени 140 милијарди евра на Русија, затоа што нема свои пари за да го финансира Киев, банкротиран поради војната. По тие пари посегна и Трамп во оригиналниот мировен план. Белгискиот премиер упорно се спротивставува на грабежот и предупредува: „Зошто Русија би преговарала со оние што ѝ ги крадат парите?“

САД не ги проверуваат платениците што ги прибираат кај себе

САД со авиони префрлиле 76.000 Авганистанци без долгорочен план што потоа со нив. Не можат да пронајдат терористички врски меѓу евакуираните соработници поради претпоставката дека „тие не можат да бидат терористи затоа што се бореле против талибанците“. И напаѓачот што ги застрела двајцата гардисти во Вашингтон ја поминал проверката и се покажал како чист.

ЕУ планира хибридни напади врз Русија

Покрај дефанзивните мерки за заштита од руските провокации, како изградбата на „ѕид против дронови“, Европската Унија ја разгледува и опцијата да возврати со хибридни напади насочени против Москва. Уште нема конкретни детали што би опфаќала „контраофанзивата“, но се спомнуваат кибернетски упади или одржување воени маневри покрај границите на Русија.

Техеран го обвинува Берлин за хемиското оружје на Садам

Иран бара од Германија да прифати одговорност за соработка со режимот на Садам Хусеин за време на Иранско-ирачката војна пред речиси половина век. Хемиското оружје што Садам го употребувал против Иран за време на војната го добивал од германски компании. Холандија веќе осуди бизнисмен што им испраќал состојки за солзавец на Ирачаните.

Кинеска лабораторија создала нов смртоносен вирус

Иако светската дебата за потеклото на коронавирусот уште не стивнала, по кинеските институти продолжуваат експерименти со „стекнување функции“ (gain-of- function), со кои вирусите вештачки се прават позаразни или посмртоносни. Во лабораторија со минимални заштитни мерки е создаден нов потенцијално смртоносен вирус што ги напаѓа белите дробови и цревата.

Милеи им понуди азил на њујорчаните разочарани од Мамдани

Аргентинскиот претседател Милеи им порача на жителите на Њујорк дека ќе бидат срдечно пречекани во неговата земја ако решат да избегаат од „комунистичкиот режим“ што ќе им го наметне новиот градоначалник Мамдани. Двајцата имаат сосема спротивставени политики, со разлика што Милеи веројатно има поголема поддршка од американскиот претседател Трамп.

Трамп: Миграцијата е егзистенцијална закана за САД

Претседателот Доналд Трамп нареди заострување на лабавите политики за мигрантите, кои ги опиша како најголема и егзистенцијална закана за безбедноста на САД. Се закани дека ќе ги провери десетиците илјади Авганистанци што ги примила администрацијата на Џо Бајден, откако еден од нив вчера пукаше во патрола на Националната гарда близу до Белата куќа.

Враќањето на Русија во Г8 е сигнал за намаленото влијание на Европа

Во дипломатската офанзива да заврши војната во Украина, една впечатлива точка ја има и во оригиналниот план Виткоф-Димитриев и во контрапредлогот на Европејците: повикот Русија повторно да се приклучи на Г8. На обновата на Г8 треба да се гледа помалку како отстапка кон Путин, а повеќе како средство за одржување на релевантноста на европските држави.

Ја видовме ли конечно невидливата темна материја?

Речиси еден век по првата научна хипотеза дека една четвртина од Универзумот мора да е исполнет со некаква таинствена содржина, соодветно наречена темна материја, јапонски астроном тврди дека ги собрал првите директни докази за нејзиното постоење. Тој открил зрачења од Млечниот пат, кои совршено одговараат на теоретските претпоставки за темната материја.

Романците се богатат, Грците во минус

Животниот стандард во Европската Унија во изминатите две децении се зголемил за 22% и покрај силните економски шокови од глобалната финансиска криза и пандемијата. Но, далеку од рамномерно. Источните земји забрзано се приближуваат до западниот стандард. Приходите на Романците им се зголемиле за 134%, а на Италијанците и Грците им се намалиле.

Британија вежба удар на нова пандемија

Поучена од грешките што ги направи во одговорот на пандемијата на ковид-19, британската влада ја спроведе вежбата Пегаз како реакција на можно сценарио за ширење нов, уште посмртоносен вирус. Слична голема вежба за сценарио за пандемија на коронавирус била спроведена во Њујорк во октомври 2019 година - три месеци пред да избувне реалната пандемија во Вухан.

Волонтерството во спортот – мост што ги поврзуваа генерациите

Министерството за спорт и Министерството за економија беа активни учесници и соработници на Регионалната ЕУ конференција: „Мостови на искуство: Зајакнување на сениорското волонтирање за одржлив развој низ Балканот“ што се одржа на 24 и 25 ноември 2025 година во Скопје, во организација на Асоцијацијата за Спорт и Волонтерство (АСВ-Скопје), Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП-Скопје), Центарот за европско волонтирање (CEV – Брисел) и Конфедерацијата на европски услуги на сениорски експерти (CESES – Брисел).