Вести

Од 44 цели за храната, светот ќе ја исполни само најбаналната

Светот е на добар пат да исполни само една од 44-те глобални цели за заштита и развој на прехранбените системи до 2030 година, и тоа веројатно најбаналната - бројот на претплати за мобилни телефони. Најголемо е потфрлањето во остварување на целите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Во некои категории е забележано назадување.

Ризикот да се премине Ормуз чини милион долари на ден

Војната во Иран создаде сосема нова категорија милионери кои профитираат од високата цена на нафтата и огромната глобална побарувачка - бродосопственици кои испраќаат танкери преку блокираниот Ормуски проток, со надеж дека Иран или САД нема да им ги потопат. Ако поминат, дебело го наплаќаат ризикот: по 1 милион долари за секој ден пловење до Кина.

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Реагирајќи на разузнавачка проценка на алатка со ВИ дека кинески брод носи нуклеарни компоненти за Иран, американските воен сили наредиле акција за преземање на бродот, но во последен момент ја откажале. Проверката покажала дека алатката направила погрешен заклучок. Инцидентот бил сериозен и интервенцијата можела да ескалира во војна со Кина.

Речник

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Во монотон и празен говор за Состојбата на Европската Унија, Урсула фон дер Лајен ги спомна сите омилени фрази од бриселскиот жаргон и најави нови иницијативи. А сепак, не понуди никакви вистински одговори за огромните проблеми со кои се соочува блокот и за кои делумно самата е одговорна, заедно со другите еврократи.

Трамп сака бизнис со Москва пред да заврши војната

Откако Конгресот му ги прошири овластувањата да воведе построги санкции за Москва, Трамп планира да склучува деловни договори со Русија, со единствен услов да бидат замрзнати сè додека не заврши војната во Украина. Потпишувањето договори со одложена реализација би требало да ги убеди јастребите во Кремљ дека САД сериозно настојуваат да ги ресетираат односите. 

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Демократскиот социјалист Зохран Мамдани во кампањата за градоначалник на Њујорк ветуваше бесплатен автобуски превоз. Тоа е непресушна тема за популистите, затоа што редовно пали кај гласачите. Но, искуствата од други градови покажуваат дека од економска гледна точка, бесплатните автобуси се ужасно решение, од кое се чини дека веќе се откажува и Мамдани.

Нема кинески чипови - нема европски коли

Фабриките за автомобили во ЕУ се „на неколку дена“ од затворање на производствените линии поради ескалацијата на кризата со снабдувањето со компјутерски чипови од Кина. Здружението во кое се БМВ, Фиат, Пежо и Фолксваген објави дека фабриките ги трошат последните резерви. Кризата ја предизвика Холандија, која ја презеде контролата врз кинеската компанија Некспериа.

Германската „Анти-Грета“ бара политички азил во САД

Популарната германска активистка Наоми Зајбт, позната и како „Анти-Грета“ поради гласните критики на зелените иницијативи и миграцијата, побара политички азил во САД затоа што повеќе не се чувствува безбедна во својата земја. Тврди дека владините служби ги прогонуваат активистите, а полицијата воопшто не реагирала на смртните закани што ги добива од Антифа.

Ако нејќете да крадеме руски пари, вадете новчаниците

Европската Унија едно време беше мировен проект што на своите земји-членки им обезбедуваше економски придобивки и други бенефиции од заедништвото. Сега ЕУ бара од своите членки или да станат одметнати од меѓународниот поредок држави со тоа што ќе крадат туѓи средства или да ги дотепаат своите национални буџети за да финансираат војна.

Ерупција на вкусови со „Волкано“ - новото премиум вино на „Монтеко“

Винаријата „Монтеко“ го претстави своето ново премиум вино - „Волкано“ на настан кој се одржа вчеравечер во English Pub & Restaurant – The Corner, во Скопје. 

Ексон нејќе да биде гласноговорник на Калифорнија

Ексон, нафтена компанија на која ѝ се префрла одговорноста за големи емисии на јаглеродни гасови, ја тужи сојузната држава Калифорнија поради два закони фокусирани на климата, за кои тврди дека ѝ го нарушуваат правото на корпорацијата на слобода на изразување. „Не сакаме да бидеме гласноговорници на идеи со кои не се согласуваме“, наведува Ексон.

Бета-блокатори може да бидат фатални

Бета-блокаторите кои вообичаено се препишуваат како терапија по срцев удар, а се користат и за третирање на анксиозност, кај некои жени може да предизвикаат несакани последици опасни по живот. Нова студија покажа дека лекот нема речиси никаква корист за луѓето кои се опоравуваат од кардиоваскуларни заболувања, а кај некои пациенти може да им го повтори срцевиот удар.

Модрите кучиња од Чернобил не се радиоактивни

Решена е мистеријата на модрите кучиња од Чернобил, чии фотографии го обиколија светот и повторно поттикнаа расправи за ефектите од радијација врз генетиката четири децении по нуклеарната хаварија. На модрите кучиња навистина побрзо им мутираат гените, но не повеќе отколку и на другите од чопорот. Тоа што си го смениле влакното е од тркалање по лепешки.

100.000 млади мажи избегаа од Украина

Откако претседателот Володимир Зеленски пред два месеци ги олесни правилата за излез од Украина, речиси 100.000 украински мажи на возраст за воена регрутација ја напуштиле земјата. Сега секој ден по 200 доаѓаат во Германија, и го зголемуваат притисокот врз социјалниот систем. Домаќините се жалат: наместо да ја бранат својата земја, живеат на туѓа сметка.

Дружината на Обама сака глобална цензура на интернет

Високи претставници од ЕУ, Британија, Бразил и Австралија во септември одржале тајна средба со центар поддржан од Барак Обама заради координирање на напорите за воведување глобална цензура. Визијата на Обама и неговиот центар е законодавство што ќе ѝ одобри на владата да финансира наводно независни невладини организации да го цензурираат интернетот.

Британија се откажува од експериментот со четири работни дена

Британските лабуристички власти планираат да го укинат експериментот со воведување четиридневна работна недела во локалните јавни служби и совети. Оценуваат дека експериментот не ја зголемил продуктивноста, а создал повеќе трошоци. Анализа потврдила подобрување на ефикасноста, но граѓаните се жалат дека се влошиле јавните услуги.

Такви тротоари имаме, уште суд да се најдеше

Наставничка од Јужна Калифорнија добила рекордна отштета откако за време на една прошетка низ градот стапнала на нерамен тротоар. Вика дека несреќата ѝ го сменила животот. Доделената отштета од 7,5 милиони долари уште повеќе ќе ѝ го смени. За ваква работа, кај нас официјално би ти рекле: Што не гледаш кај одиш? 

Тексас тужи поради криење на ризиците од Тиленол

Кен Пакстон, државниот обвинител на сојузната држава Тексас, ги тужи производителите на Тиленол поради тоа што знаеле за ризиците од лекот врз развојот на мозокот кај децата, но намерно ги прикривале. Со тужбата се опфатени и поранешниот производител „Џонсон и Џонсон“ и новиот „Кенвју“, за кој се тврди дека бил наменски формиран за да се прикрие одговорноста.

Бил Гејтс се отрезни: Баталете климатски цели, помогнете им на луѓето

Бил Гејтс, кој вложи милијарди во проекти за кревање паника поради климатските промени, прави голем пресврт во политиката. Ги повика владите да ги запрат очајничките обиди со неостварливи климатски цели да го намалат глобалното затоплување. Бара повеќе да им се посветат на благосостојбата на луѓето и да поттикнат иновативни начини за да ги ублажат последиците.

Кенеди бара повеќе месо и јогурт во исхраната

Американскиот министер за здравство најави нови упатства што ќе ги охрабрат Американците да внесуваат повеќе заситени масти, спротивно на досегашните препораки за исхрана. Тој тврди дека заситените масти со децении биле демонизирани од кампањите за промоција на маргарин, адитиви, растителни масти и шеќери. Препорачува здраво месо, јогурт и ферментирана храна.

Рано воведување кикирики во исхраната спречува алергии

Со децении наназад лекарите ги советуваа родителите да не ги изложуваат бебињата на кикирики за да не развијат алергија. Додека важеше тоа правило стапките на алергии на кикирики кај децата се зголемија повеќе од трипати. Пред една деценија направија радикален пресврт и препорачаа да се воведат во исхраната кај бебиња од рана возраст. Случаите се намалиле за 43%. 

Бараат и од ВИ да цензурира руски извори

Најпопуларните јазични модели со вештачка интелигенција се обвинети дека се пристрасни и промовираат „санкционирана руска пропаганда“. Нивната вина, всушност, е тоа што на барањето информации за војната во Украина наведувале и податоци од државни руски извори и медиуми, и тоа по една на секои четири од западни извори за кои не се испитувало дали шират пропаганда.

Конгресот ги оспорува потписите на Бајден

Комитет на Конгресот на САД ја оспори легитимноста на наредбите што не биле своерачно потпишани од поранешниот претседател Џо Бајден и го повика Министерството за правда да спроведе нова истрага за неговиот мандат. За да ја прикријат сенилноста на Бајден, неговите помошници потпишувале документи со автоматско пенкало без знаење на претседателот.

Аутизам: пола од вакцини, пола од сè друго

Вакцинацијата е доминантен фактор на ризик за појава на аутизам, покажува нова и досега најсеопфатна анализа на 136 студии. Постојат повеќе фактори за зголемувањето на бројот на случаи на аутизам, од генетика до надворешни влијанија, но вакцинацијата е најзначајниот двигател и еден од ретките што може да се спречи, покажува извештајот од Фондацијата МекКалоу.

Белгија станува нарко-држава

Трговијата и дилањето дрога во Белгија повеќе не е класичен криминален проблем. Нарко-бизнисот прерасна во организирана закана што ги поткопува државните институции, предупредува во отворено писмо судијка од Антверпен. По улиците на Брисел се пука, масовно се поткупуваат цариници, дури и судии, а киднапирања и бомбашки напади може да се нарачаат преку Снепчет.

Википедија влече накај воукипедија

Најголемата онлајн енциклопедија во светот прераснува во бастион на „будноста“. Ова го вели никој друг, туку нејзиниот коосновач Лари Сангер, кој ја критикува Википедија за либерална пристрасност, наместо да ја штити неутралноста и да им нуди енциклопедиски факти на корисниците. Бара укинување на „црните листи“ за извори и темелна ревизија на содржината. 

ББЦ: Кој не сака во транс-тоалети, нека работи од дома

Британската радиодифузна корпорација им дозволува на вработени жени да работат од дома ако и пречи политиката за заеднички тоалети. Иако уште во април Врховниот суд пресуди дека трансродовите жени не се жени, ББЦ дозволува биолошки мажи да користат женски тоалети, соблекувални и тушеви. Вели дека ќе ја промени политиката само ако добие упатство од владата.

Музиката помага да се спречи деменција

Музиката со векови наназад се користи како терапија за смирување. Ново истражување покажува слушањето музика или свирењето инструмент може значително го намали ризикот од развој на деменција кај луѓе на возраст над 70 години. Не се експериментирало со музички стилови, но се препорачуваат мелодии што асоцираат на моменти од младоста.

Судија е ризична професија во Америка

Американските судии, во голема мера, се пристојни и совесни. Соочени со кршење на законите од страна на извршната власт, тие се чувствуваат должни да ѝ се спротивстават. Но, тоа бара храброст овие денови. Според Службата за маршали на САД, која го обезбедува судството, 395 судии добиле закани оваа година. Ваквите закани доаѓаат и од левицата и од десницата.

Само она што го кажува државата е точно, сè друго е дезинформација!

Германија наскоро може да добие Министерство за вистина. Највисокиот граѓански суд во Берлин пресуди дека онлајн платформи имаат право да бришат објави што соодветствуваат на ставовите на меѓународните организации или на владата, без оглед дали се вистинити или не. Државата се прогласува за непогрешлива, а спротивставените мислења се „дезинформации“.