Британски советници за ковид криеле грантови од фармацевтски компании

Од вкупно 149 експерти ангажирани како советници на британската влијателна Научна советодавна група за вонредни ситуации (SAGE) за време на пандемијата, 26 професори не пријавиле дека нивни истражувања биле финансирани со грантови во вкупен износ од над 210 милиони фунти од Wellcome Trust – инвеститор поврзан со фармацевтската индустрија.

Грантовите се однесуваат за периодот од 2018 до 2016 година, но поголемиот дел - 175 милиони фунти биле обезбедени во првите две години од пандемијата. Вкупно 38 експерти побарале и добиле грантови од Wellcome Trust, но само 12 ја пријавиле врската како потенцијален судир на интереси во регистарот на SAGE.

Граѓанската кампања UsForThem, тврди дека ова е класичен судир на интереси што отвора сомнежи дека производителите на лекови, вакцини и медицинска опрема имале индиректно влијание врз групата која активно учествуваше во дефинирањето на мерките наметнати врз граѓаните во времето на пандемијата на ковид-19.

Професорот Нил Фергусон, еден од најголемите застапници за вакцините, не спомнал дека добивал донации од Wellcome Trust иако бил автор или спонзор на проекти во вредност од 5,6 милиони фунти. Неговото влијание врз тогашниот премиер Борис Џонсон се сметаат за клучни за воведувањето општ карантин во март 2020 година. Само два месеци подоцна Фергусон се повлече од советничката функција, откако беше обелоденето дека самиот го прекршил карантинот за да се среќава со својот љубовник.

Претседателот на Welcome Trust, Џереми Фарар, кој исто така беше член на SAGE за време на пандемијата, упорно ја отфрлаше теоријата дека коронавирусот веројатно протекол од лабораторија во Вухан.

Професорката Сузан Мичи, која бараше социјалното дистанцирање и маските за лице да останат засекогаш, прикрила грант од 3,8 милиони фунти.

Професорот Џон Едмундс, кој предупредуваше на „значаен ризик“ сè додека сите не бидат вакцинирани, бил спонзор на 10 истражувачки проекти што за време на пандемијата добиле грантови од 12 милиони фунти.

Експертот за вакцини, професорот Гевин Скретон, добил повеќе од 26 милиони фунти во девет грантови од Welcome Trust, вклучувајќи и за истражување директно поврзано со ковид-19. Овие донации се забележани во Welcome Trust, но не и во регистерот за можен судир на интереси во SAGE.

Членовите на SAGE биле во позиција да влијаат на одлуките за јавно здравје што погодија милиони луѓе... Ако Владата сака да ја задржи довербата на јавноста, тогаш мора да бидеме сигурни дека нејзините највисоки советници се без ризици од пристрасност или конфликти, укажува Бен Кингсли, правен директор на UsForThem.

9 декември 2025 - 08:31