Студијата насловена како „Економската посветеност на климатските промени“ е повлечена откако се откри дека погрешните податоци од Узбекистан значително ги искривиле резултатите.
Доколку податоците од Узбекистан се исклучат, прогноза за колапс на глобалното економско производство, од 62% би паднала на 23%.
Дебатата за точноста на климатските прогнози трае уште од времето на Ал Гор и неговиот фамозен „хокејарски стап“ за алармантно загревање на температурата.

Цели 20 месеци, оваа студија беше промовирана на Блумберг, Си-Ен-Ен, Форбс и други, па дури беше цитирана и од Светската банка и ОЕЦД. Ова помогна да се создаде наратив за претстојна климатска катастрофа.
Авторите на студијата, предводени од Леони Венц од Институтот за истражување на влијанието на климата во Потсдам во Германија, и Максимилијан Коц, истражувач во тој институт, во известувањето за повлекување напишаа дека проблемите се „премногу суштински за да се изврши само корекција“.

Ваквиот потег ќе предизвика сериозно дрмање во Мрежата за озеленување на финансискиот систем, коалиција од централни банки и финансиски супервизори кои во голема мера се потпираа на студијата за да ги обликуваат своите перспективи.
Луѓе веруваа дека супербогатите луѓе, со нивната пи-аровски напумпана добронамерност и огромните богатства кои ги поседуваат, можат многу да помогнат околу глобалната насекираност во врска со климата. И помагаа, поддржуваа, даваа пари, изјави... само што таквите луѓе не забораваат дека нивната главна преокупација сепак се парите.
* во Бил Гејтс крева раце од климатските промени
