На глобалниот список на приходи на Онлифанс за 2025 година, Македонија е рангирана на 84 место од 188 земји. Годинава сме потрошиле вкупно 2.869.784 долари, што е за речиси 370.000 повеќе од лани, со стапка на пораст од околу 15%.
Според внатрешните пресметки за сумите усогласени по глава на жител, котираме нешто повисоко, со просек од 12.877 долари на 10.000 луѓе.
Овие бројки се неспоредливо ниски во однос на другите земји од регионот. Словенците, на пример, просечно потрошиле 6,8 долари по глава на жител, Хрватите и Грците по 4,6 долари, Србите 2,6 долари, а Црногорците 2 долари. Зад нас се Бугарите и Албанците, кои просечно не потрошиле ни по долар за Онлифанс.
Од глобалните цифри боли глава. Онлифанс годинава заработил 7,2 милијарди долари, што е 600 милиони повеќе во споредба со лани.
Дистрибуцијата на приходите е драматично променета. Главната база останува англиската говорна сфера. Во благ и стабилен пораст од 1-2% годишно се приходите во САД (2,6 милијарди долари) и Британија (531.000), кои платформата ги нарекува „крави за молзење кеш“. Но, интересот во јужниот појас на Европа (Италија и Шпанија) и во Латинска Америка (Мексико и Колумбија) се зголемил за над 20%.
Најмногу пари на Онлифанс трошат Финците, просечно по 12,7 долари, и жителите на Атланта (52 долари), Орландо (46,6 долари) и на Милано (42,3 долари).
Од другата страна на мониторите, најмногу пари завршиле кај моделот Софи Рејн, за која се смета дека годинава од своите содржини заработила 43 милиони долари.

******
Види и: Империјата наречена Онлифанс
Како ОнлиФанс го промени порното засекогаш