Повремено се појавуваат девојки на Јутјуб, да ја споделат нивната еднонеделна или едномесечна екскурзија на ОнлиФанс и пријавуваат заработка од неколку илјади до неколку десетици илјади долари. Што нѐ доведува до прашањето - на толку бесплатно порно на интернет, што им текна на луѓето да плаќаат?
Прво, малку за тоа како дојдовме до оваа ситуација.
Во ’90-ти, на група бубалици им текнува дека ќе отворат сајтови, од каде што пиратски ќе емитуваат порно клипови од веќе постоечки филмови, со што директно оштетуваат продуцентски куќи. На друга, богата бубалица ѝ текнува дека сите овие сајтови ќе ги купи и се збогатува многу, ама многу повеќе од дотогаш, со тоа што не бива фер и ги плаќа изведувачите многу малку. Паралелно со тоа, успева и за евтини пари да ги купи веќе пропаднатите продукции, па сега држи монопол и за платено и за бесплатно порно.
Во меѓувреме, порно-изведувачите наоѓаат начин на Снапчат да продаваат премиум содржина, и со тоа да ги избегнат мизерните услови и примања што им ги нуди нивната официјална индустрија. Снапчат го користат, ама па, и не им е стабилен за нудење содржини од нивните.
И тогаш доаѓа ОнлиФанс.
Оваа платформа им дозволува да продаваат премиум порно содржини и практично да се претворат во сопственици на мали бизниси.
Но, да се вратиме на прашањето: Зошто луѓето би плаќале порно, кога имаат толку многу за беспари?
Одговорот лежи во искуството што им се нуди.
Како и личното искуство што го нуди Вивиен во „Убава жена“, така и на ОнлиФанс, изведувачите создаваат личен однос со нивните клиенти. Им ги знаат имињата (и имињата на фамилиите, милениците, сѐ што треба), им викаат здраво и чао - накратко - им нудат кастм искуство само за нив, а со оглед на тоа што има луѓе што за такво искуство во живо се спремни да платат илјадници долари, членството на ОнлиФанс од 5-6 долари е гола вода.
Како ОнлиФанс може да промени живот:
И зошто луѓето плаќаат за ОнлиФанс, кога порното е бесплатно: