Европејците сè уште се држат до оние идеи за крајот на историјата што го карактеризираа западното политичко размислување помеѓу 1990 и 2020 година. Европските медиуми и многу од нејзините интелектуалци се креации од тој период. Ја мразат МАГА и нејзините европски мутанти, но не разбираат зошто тоа се случува. Подемот на Марин Ле Пен и Најџел Фараж го гледаат како руски заговор, потпомогнат од големата и штетна технолошка индустрија. Постојано покажуваат со прст и врескаат, и постојано ги губат битките.
Според Волфганг Мунчау, од сите нивни грешки, фатална им е што го потценуваат Трамп. Неговата стратегија може да не се сака заради желбата да изгради нов национализам, но е производ на една надворешна политика која мора да се третира сериозно.
На сличен начин вропејците го игнорираа планот од Мар а Лаго кој ги содржеше клучните елементи на економската политика на Трамп. Прво, дека ќе користи царини за да добие предност пред другите земји во глобалната трговија. Второ, дека Европејците ќе мора да им платат на САД за безбедносни гаранции во форма на зголемени воени набавки.
„Европејците требаше да ги послушаат овие предупредувања. Но, откако Трамп ги објави царините, во Вашингтон испратија преговарачки тим од втора лига“.
Стратегијата на Трамп во некои елементи ја оживува Монровата доктрина од 1823 година, која министерот за војна Пит Хегсет експлицитно најави дека ќе ја бутка. Има и разлики (старата доктрина не предвидуваше мешање во политиката на други земји), но како и Монро, Трамп ги гледа странските земји како трансакциски деловни партнери или конкуренти, или и двете.
Но, се случи поинаков кастинг. Денес, ЕУ се смета за конкурент; Русија за иден бизнис партнер. Трамп е среќен и што склучува договори со арапски лидери, вклучувајќи го и Ахмед ал-Шара, сирискиот претседател и поранешен член на Ал Каеда. Не е чудо што старомодните бардови на надворешната политика не можат да ги пофаќаат конците“, пишува Мунчау во Анхерд.