Британско добредојде за „не знам и не се сеќавам“

Велика Британија, земјата која се накрцка со илегалци а за нас („стратешкиот партнер“) уште го држи ригорозниот режим на визи (уште да бараат дете под хипотека да ставиш) му одобрила дозвола за престој на авганистански илегален мигрант кој на прашањата колку години има и од каде поточно доаѓа, со години им викал не знам и не се сеќавам. Тоа им го рекол во 158 наврати. 

Фото: ЕПА

Авганистански илегален мигрант добил дозвола за престој во Велика Британија и покрај тоа што одговорил „Не знам“ 158 пати кога бил прашуван за неговата возраст.

По пристигнувањето таму, на службениците на пограничните сили им рекол дека е роден во 2007 година, што би значело дека во тоа време имал само 15 години.

Судијата на Вишиот трибунал сега ја прифатил неговата наведена година на раѓање како точна, пресудувајќи во негова корист и покрај значителните недоследности во неговото сведочење за време на интервјуата за проценка на возраста.

Авганистанскиот државјанин рекол дека за време на патувањето до Велика Британија страдал од чести и големи напади на епилепсија и судот прифатил дека тоа влијаело врз неговата способност да се сети на настаните и да дава конзистентни информации.

За време на интервјуата, одговорил со „Не знам“ во точно 158 наврати и најмалку 49 пати „Не се сеќавам“ кога бил прашуван за неговото потекло и возраст.

Службените лица имале сомнежи во врска со неговиот исказ, бидејќи првично го навел 5 јануари 2005 година како датум на раѓање а подоцна ја намалувал својата возраст.

Судот сепак ја прифатил приказната со епилепсијата. Добил дозвола за престој, советуван е како да побара азил а во меѓувреме е сместен во згрижувачко семејство.

13 декември 2025 - 11:53