Вести

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Денес се зборува за демократијата на речиси ист начин како што средновековните теолози зборувале за природниот поредок на светот. Како отсекогаш да постоела и како да ќе постои засекогаш. Но, што Фукујама предвреме прогласи фајронт на историјата? Што ако либералната демократија е беше политички одговор на свет кој веќе не постои? 

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

После серија брутални силувања и сексуални напади извршени од страна на баратели на азил, британското министерство за внатрешни работи процени дека е корисно на тие луѓе да им се испечати упатство за однесување во кое се наведува дека жени не треба да се силуваат, да им се ш'цка и да им се праќаат кисчиња. Овие сега ќе седнат, ќе ги прочитаат тие упатства и островот повторно ќе живее мирен и спокоен живот.  

Грција станува израелски сателит

„Трансформацијата на Грција во израелски сателит се одвива со вртоглава брзина. Ова е лош знак за повеќето Грци, за мирот во нашиот регион и за Европа и Западна Азија пошироко. Мора да се спротивставиме на тоа“, напиша Јанис Варуфакис. Освен мирот и безбедноста, Грците ги секира и тоа што кириите се качуваат затоа што Израелци масовно купуваат имот во нивната земја.

Речник

Почина најстариот американски затвореник

На 101 година, од старост, почина човекот со најголем затворенички стаж во американската историја. Последен пат побарал да му биде простена доживотната казна кога имал 95 години. А доживотната казна затвор ја дочекал со олеснување, бидејќи претходно во многу наврати му викале дека јаде за последен пат.   

Фатете се за пенкало

Норвешка студија од областа на невронауката утврди, поточно потврди, дека рачното пишување создава значително побогата и пософистицирана поврзаност во мозокот во споредба со чукањето на тастатура. Тоа може да има директни придобивки за учењето и меморијата. Со други зборови, рачното пишување го буди мозокот. Сепак, некогаш за тоа е доцна.

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Пореметување од изборен стрес

„Пореметување како резултат на изборен стрес“ неодамна е идентификувано како легитимно нарушување на секојдневните психички функции, под влијание на канонадите информации и дезинформации поврзани со политички избори. Да не испадне не сме ви кажале.

Шведска укинува ДДВ на мајстори

Земјата која светот го навлече на мебел за фрлање, сега се обидува да пркоси на "поевтино ми е да купам ново, отколку да го поправам" праксата, па сака да го намали ДДВ-то на сите видови поправки од точаци до машини за перење и кондури.

Науката зад примирјето, или мир не бива од прв пат

Самиот чин на примирје не само што влијае на ситуацијата на теренот, туку, според политиколозите, го менува начинот на кој учесниците ја ценат користа од борбите наспроти зборувањето. Убавината на секое примирје е што и да не е успешно, тоа ги зголемува шансите дека некое следно ќе биде.

Руски шопинг

"Ќе ја купиме Бугарија, и онака половината од крајбрежјето веќе го купивме," е возвратната благодарност на идниот руски пратеник Петр Толстој на пораката од бугарските новинари да има "благонаклона политика кон Бугарија."

Меѓународен кривичен суд за генералниот

Судот во Хаг објави дека ја проширува својата дејност па во иднина освен владини претставници, пред него ќе одговараат и ЦЕО-а на компании, одговорни за злосторства против човештвото.

Среќата ги следи нацртаните

Норвешка практично го укина буџетот за промоција на својот туризам откако работата им ја заврши мега популарниот анимиран филм на Дизни "Frozen", цртан според нејзините предели. И повеќе отколку што им треба.

Младите никогаш нема да се вратат во земјата во која омразата се негува како цвеќе

По повод обидите за реафирмација на 30 години стариот Меморандум на Српската академија на науки и уметности, еден контроверзен спис кој своевремено послужи како физибилити студија за пеколниот проект во кој изгоре Југославија.

Еј, старости, старости, јапонско оружје*

Секоја година на сè поголем број Јапонци роденденските свеќи им чинат повеќе од роденденската торта. Дури и економија како што е јапонската, тешко го опслужува овој демографски тренд. 

Кинеската цивилизација не е оригинал кинеска?

Во дебата која без проблем би победила на кое било првенство за криза на идентитетот, Кинезите моментално се расправаат дали нивната цивилизација всушност потекнува од Египет и е започната од бегалци од таа земја.

Паметни на мајка

Детето е два пати поверојатно да ја наследи интелигенцијата од својата мајка отколку од таткото, и нема тука амандмани туку е чиста наука: интелигенцијата е поврзана со хромозомот Икс, а него мајката го има два пати повеќе отколку таткото (жените се XX, а мажите XY).

Маркетинг измамата што ја нарекуваме детоксикација

Молиер во една своја комедија пишува за хипохондрик кој е исмеван за неговата наклоност кон клизми. 350 години подоцна, луѓето своеволно одат на "хидротерапија на дебело црево" чие ветување е дека преку ректумот ќе ги извади сите токсини од вашето тело.

Како марихуаната воопшто беше забранета?

Многумина ќе помислат дека порано науката така мислела па се преземале мерки соодветни на нејзините сознанија. А не е така. Ич не е така.

Зошто е добро што компаниите прават понеквалитетни производи

Евтината верзија на Офис пакетот нема Аутлук, бесплатните верзии на апликациите за смартфони имаат помалку можности и замараат со реклами, и според микроекономистите сите овие фрустрации се намерни и компаниите напорно работат за да ги направат своите производи полоши.

Зошто под туш ги добиваме најдобрите идеи?

Темава е за психолози, нам ни падна во очи бидејќи се спомнуваат две дефицитарни работи во оваа средина: мислењето и туширањето.

На крај од прашина ќе изгинеме

Може по дома немаме бактерија за лек, ама затоа во прашината што ни е дома има 45 отровни хемикалии кои се поврзуваат со рак, неплодност и проблеми во развојот на бебињата.

Не беше библиотеката за тие пусти донации

Долгогодишен библиотекар на Универзитетот од Њу Хемпшир, својот имот од 4 милиони долари му го остава во наследство на Универзитетот. Прва одлука на Универзитетот, 1 милион долари од овие пари да ги потроши на џиновски екран за фудбалскиот стадион, а 100.000 долари на библиотеката.

Само комплекс може да натера маж да оди на вежбање

Скриените стравови на мажите, скриената вина и срамот околу своето тело, а не желбата да направат мускули е она што ги полни фитнес клубовите низ светот.

Загрижувачки број малолетници сакаат да ја запалат Франција

15 годишно момче деновиве беше уапсено во Париз по откривање на неговите планови за изведување терористички напад во градот. Само во последнава недела тоа е трет малолетник кој е уапсен заради истата намера.

Читајте им на децата нешто тешко

Во моментот кога детето ќе може да чита лесни книги, ваша задача како родител е да почнете да му читате тешка книга што е далеку над неговиот капацитет, порачува авторот на книгата Teach like a Champion, Даг Лемов.

Фашистичка Русија

По наредба на руските власти надлежни за контрола на медиумите, Роскомнадзор, во земјата од сега па во иднина комплетно е забранет пристапот до Порнхаб.

Бразил во канџите на демократијата

Во време на една од најлошите кризи на бразилската економија и финансиска елита која смета дека левичарските тенденции на Работничката партија не се во нејзин интерес, претседателскиот мандат на Дилма Русеф на 31 август годинава заврши со импичмент.

Зошто е лошо мрсното? Затоа што така кажа шеќерот

Приказна за тоа како шеќерната индустрија пред половина век ја префрли вината врз мастите. Како? Со пари. Кој ја изведе дубарата? Науката.

Како Сноуден избега од Хонгконг

Американскиот бегалец веќе осум дена не излегува од луксузниот хотел Мира во Хонгконг, кога во соработка со новинарите на Гардијан почнува да ги објавува тајните документи украдени од американските тајни служби. Стравувајќи дека тој станува премногу лесна мета за да биде уапсен, адвокатите на Сноуден прават тој да исчезне на две недели (10 - 23 јуни) пред да се појави на летот на Аерофлот кон Москва.

31 година како никогаш не се плашиме

Точно пред 31 година на белградска Маракана пред 20.000 луѓе се одржа концерт со кој Југославија се придружи на хуманитарната акција „Live Aid“ на Боб Гелдоф, со која се собираа пари за гладните од Етиопија.