Само комплекс може да натера маж да оди на вежбање

Скриените стравови на мажите, скриената вина и срамот околу своето тело, а не желбата да направат мускули е она што ги полни фитнес клубовите низ светот.

Психолози од Британија и Австралија заклучуваат дека од машкиот став кон мускулите и БМИ-то ни приближно не зависи колку пати тие ќе одат на вежбање, како што зависи од нивната перцепција за телесни масти. Исто така мажите кои биле загрижени околу телесните масти било поверојатно да се подадат на "спонтани, непланирани" изливи на вежбање.

"Тренерите, па дури и партнерите за вежбање треба да бидат свесни за мотивацијата на поединците и за нивните причини за посетување на фитнес. Спонтаните посетители е поверојатно дека се мотивирани од вина, срам или притисок, па важно е ова да се промени и фокусот да биде на успех и гордост," објаснува доктор Дејвид Китлиј од Школата за психологија на Универзитетот Линколн.

Она што дополнително го покажува студијата е дека мажите подеднакво драмат околу изгледот на своето тело и се постојано незадоволни од истото како и жените.

15 септември 2016 - 15:07