
Најновото тврдење е на научникот, геохемичар, Сан Веидонг, кој на едно неодамнешно предавање цитира запис на кинескиот историчар Сема Ќен, роден 146-та година п.н.е., кој во неговата историја за Сиа династијата (што се сметаат за основачи на Кина, и владеат од 2070 до 1600 година п.н.е.) пишува "текот кој води кон север се дели и станува девет реки. Кога се обединува, формира една река и се влева во морето."
Поентата на Сан е дека текот за кој пишува Ќен никако не може да биде од Хоангхо (Жолтата река), туку како што забележува еден од присутните на предавањето, од единствената река на светот која тече кон север - реката Нил.
Сан, инаку крајно почитуван и одликуван научник, изминатата година ја воскресна дебатата дека основачи на кинеската цивилизација не се Кинезите, туку мигранти од Египет. Тој на овој став е некаде од 90-те, кога правејќи радиометриско датирање на антички кинески бронзени производи; открива дека нивниот хемиски состав многу повеќе одговара на античката египетска бронза отколку на кинеската руда.
Тој во исто време го негира и досегашното учење дека технологијата од Бронзената ера влегува во Кина од северозапад преку Патот на свилата, и тврди дека таа е "увезена" преку море. Според него таа е донесена од Хиксите, западно-азијци кои владеат со северен Египет како дојденци меѓу 17 и 16 век п.н.е. Негов дополнителен аргумент е што Хиксите ја имале оваа технологија - обработка на бронза, кочии, писменост, домашни растенија и животни - уште во многу поран период отколку најстарите вакви артефакти откриени во Кина.
Бидејќи Хиксите се знае дека имале бродови за војна и тргување со кои пловеле по Медитеранот и Црвеното море, теоријата на Сан е дека мал дел од нивната популација се отцепила од династијата и со дел од бродовите тргнала на пат, кој ги води нив и нивната бронзена технологија на бреговите на Кина.
Ако не е лесно на два милиона луѓе да им кажеш дека светот не почнал од нив, тек па на милијарда и кусур народ работите стануваат комплицирани. Сан не минува ни најмалку лесно со својата теорија. За последиците и реакциите, тука.