Среќата ги следи нацртаните

Норвешка практично го укина буџетот за промоција на својот туризам откако работата им ја заврши мега популарниот анимиран филм на Дизни "Frozen", цртан според нејзините предели. И повеќе отколку што им треба.

Туристчкиот борд на западна Норвешка, регионот со најживописните фјордови и пејсажи радикално го скастри буџетот за промоции за идната година бидејќи и сега не знаат што да прават со туристите, кои нагрнаа во поголем број отколку што им трпи скандинавскиот лезет.

Љубопитни да ја видат земјата која послужи како инспирација за детскиот филм со Елза и Ана, туристите комплетно ги исполнија сместувачките капацитети, создадоа сериозни сообраќајни проблеми и тотално закрчување на популарните дестинации.

Ако на она спектакуларна карпа Троилтунга некогаш доаѓале 1.000 лица годишно, денес ги има 100.000 а фјордот Геирангер, кој е под заштита на УНЕСКО, годинава го посетиле 700.000 туристити.

Каков хркљуш е тоа можете да замислите ако знаете дека фјордот има само 215 постојани жители.

Некои од норвешките сцени кои послужиле како инспирација за моделирањето на Арандел, измислениот свет во Frozen:

 

19 септември 2016 - 09:09