Коктелот хемикалии доаѓа од најразлични производи што ги имаме низ дома, од патосот и електрониката, до производи за убавина и за чистење. Авторите на студијата предупредуваат дека најзагрозени од хемикалиите во прашината се децата кои најчесто си играат или ползат по патос и често ја допираат својата уста.
Резултатите се базираат на анализа на 26 објавени студии од 1999 до денес, во кои се студира хемискиот состав на прашината во затворените простории. Освен домови, истражувани се и училишта и фискултурни сали.
"Додека домовите кои се премногу чисти беа поврзани со зголемен број алергии и астма кај децата, потенцијално заради недостаток на изложеност на најразлични микроби, присуството на овие хемикалии сега претставува сосема друг одделен проблем," пишува Никола Дејвис во Гардијан.
Од овие 45 хемикалии, околу 10 биле откриени во 90% од примероците прашина што се испитувала. Меѓу нив се и TDCIPP (или TDCPP) за која веќе се знае дека канцерогена а ја има во пена за мебел, производи за бебиња и теписи, како и хемикалијата TPHP.
Мерките за справување со проблемот се веќе стандардните и се сведуваат на повеќе чистење прашина и миење на рацете пред јадење.