
Пред да им ја најави купопродажбата, Толстој на бугарските новинари им одговараше на прашање за Европската Унија, за која вели:
"Потребна е длабока реформа на ЕУ, смена на неговото раководство и откажување од политиката на присоединување земји кои влегуваат во зоната на национален интерес на Русија."
Инаку, Петр е внук на Лав Толстој и телевизиски водител кој има забрана за влез во Украина заради агресивната кампања што ја тераше на телевизија околу анектирањето на Крим.
Петр е кандидиран од партијата Обединета Русија, на Путин, која на неделните избори доби над 76% од местата во Думата.