Планот е ДДВ-то на поправки да биде преполовено од сегашните 25% на 12%, плус во даночните пријави ќе може како даночно олеснување да се наведат половина од работните часови потрошени на поправка на бела техника.
Логиката е дека ако значително се намали цената на поправката, ќе биде порационално производите да се носат на мајстор, отколку да се фрлаат. Очекувањата се дека со овие мерки, поправка од 40 евра би поевтинила за околу 5 евра.
Предлагачите на намалувањето данок се надеваат дека тоа ќе поттикне започнување на нова индустрија на домашни поправки, која одлично ќе им дојде за вработување на новите имигранти, кои не се образувани за работа во други индустрии.
Ова е дел од долгорочниот план на шведските власти за намалување на испуштањето штетни гасови, кои од 1990 се намалени за 23%, а земјата веќе произведува половина од својата електрична енергија од обновливи извори.