За сега надлежноста ќе биде врз прекршоци поврзани со животната средина, конкретно присвојување земјиште од страна на корпорациите со цел искористување на природните ресурси и уништување на околината.
"Протерувањето на заедници од нивното земјиште и уништување на околината станаа прифатлив начин за водење бизнис во голем број сиромашни држави.
Директори на компании и политичари кои се соучесници во насилно грабање земјишта, уништување тропските шуми и загадување на изворите на вода, наскоро би можеле да се најдат на судење во Хаг, рамо до рамо со воени криминалци и диктатори," изјавила извршната директорка на Глобал витнес, Џилијан Калдвел.
Процените на организацијата се дека насилствата поврзани со конфликти околу животната средина во 2015 носеле по три човечки жртви од луѓе кои се обидувале да го заштитат своето земјиште. Според нив земјите во развој од 2000 до денес на меѓународните компании им имаат дадено на лизинг земјиште со површина на Германија.
Повод за проширувањето на дејноста на Меѓународниот кривичен суд е еден случај поднесен од група граѓани на Камбоџа кои тврдат дека властите, вклучително војската, полицијата и судовите, соработувале во одземањето земјиште кое од 2002 протерало околу 300.000 луѓе од нивните домови.
Една од главните слабости на Меѓународниот кривичен суд е што Кина, Индија и Русија не потпаѓаат по негова јурисдикција, а САД, Израел и Судан, објавија дека во иднина нема да ги почитуваат неговите одлуки.