Таг: меѓународен кривичен суд

Хаг го одложи налогот за апсење на Нетанјаху

Меѓународниот кривичен суд реши да го одложи носењето одлука дали да му дозволи на главниот обвинител Карим Кан да издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за извршени воени злосторства во Газа.

Нетанјаху до Меѓународниот кривичен суд: не ме занимате

Меѓународниот кривичен суд наводно е пред издавање налог за апсење на израелскиот премиер и високи функционери во израелската влада. Што е до Нетанјаху, за МКС ќе биде подобро да не си играат играчки.

Џон Болтон не сака да чуе за МКС ни по цена на апсење на Путин

Кога е во прашање Меѓународниот кривичен суд во Хаг, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, е на сличен став како и официјална Москва, дека тој не треба да постои. Што не значи дека Болтон не би го апсел Путин по друга основа.

Русија отвори кривична истрага против судот во Хаг

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, и неколку судии од истиот се под истрага во Русија заради нивната одлука да побараат апсење на рускиот претседател.

Зошто на Путин никогаш нема да му биде судено во Хаг

После оружје и пари, трето на списокот на желби на сите противници на руската инвазија во Украина е - Путин во Хаг. Истото го бара и Зеленски како услов за примирје со Русија, како и германската министерка за надворешни работи. Процената на Економист е дека тоа нема да го дочекаат.

Како се соработува со Меѓународниот кривичен суд? Не се соработува со Меѓународниот кривичен суд!

Американските власти ја укинаа визата на обвинителката што требаше во САД да ги истражува злосторствата на американските војници и нивните сојузници во Авганистан.

Донесен закон што можеше да ги спречи Блер и Буш да извршат инвазија на Ирак

Од вторникот секој политички или воен лидер кој ќе нареди инвазија на странска земја ќе се смета за виновен за агресија, и ќе подлежи на казна од меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Меѓународен кривичен суд за генералниот

Судот во Хаг објави дека ја проширува својата дејност па во иднина освен владини претставници, пред него ќе одговараат и ЦЕО-а на компании, одговорни за злосторства против човештвото.