Русија отвори кривична истрага против судот во Хаг

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, и неколку судии од истиот се под истрага во Русија заради нивната одлука да побараат апсење на рускиот претседател.

Рускиот истражувачки комитет го товари Кан за „криминален прогон на лице за кое се знае дека е невино... и за подготвување напад на претставник на странска држава кој ужива меѓународна заштита.“

Комитетот тврди дека не постои основа за кривична одговорност на Путин, и дека државните лидери уживаат апсолутен имунитет според конвенцијата на О.Н. од 1973. За Кремљ издавањето налог за апсење на Путин е скандалозно, но нема никаква правна тежина бидејќи Русија не е потписник на договорот за формирање на МКС.

Руското обвинение следува откако во петокот МКС објави налог за апсење на Путин под обвинение за воени злосторства за нелегално депортирање на украинските деца. Слично обвинение доби и Марија Лвова-Белова, руската претседателска комесарка за детски права.

Русија јавно соопшти дека пренела илјадници украински деца на руска територија како дел од хуманитарна кампања за заштита на сираците и децата напуштени во воената зона.

Налогот на МКС ги обврзува сите негови 123 земји членки да го уапсат Путин и да го префрлат во Хаг доколку тој стапне на нивна територија.

22 март 2023 - 12:13