На главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд, Фату Бенсуда, и е поништена американската виза како одговор на нејзината намера да ги истражува американските воени злостроства.
Од канцеларијата на Бенсуда, порачале дека таа ќе продолжи да ги извршува своите должности кон судот во Хаг „без страв или наклонетост.“
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, со време кажа дека САД може да ги поништи сите визи што ги имаат дадено на кој било вработен на Меѓународниот кривичен суд што би се дрзнал да започне истрага околу можните воени злосторства на американските војници во Авганистан.
„Ако си одговорен за предложената истрага на МКС на американските војници во врска со ситуацијата во Авганистан, не треба да претпоставуваш дека се уште ти важи визата или дека ќе добиеш виза, или дека ќе ти биде дозволено да влезеш во САД.
Ние сме подготвени и на дополнителни чекори, вклучувајќи и економски санкции доколку МКС не го промени својот правец,“ изјави Помпео.
Во извештај од 2016 МКС тврди дека има издржана основа да верува дека американската војска извршувала тортура на затвореници во тајни центри во Авганистан управувани од ЦИА. Како и тоа дека владата на Авганистан и Талибанците извршиле воени злосторства.