На одложувањето му следуваше барање од Англија да поднесе извештај во однос на јурисдикцијата на МКС околу она за што се товари Нетанјаху. Со одлуката не само што и е дозволено на Британија да интервенира, туку таа значи дека и другите членки ќе имаат право да се вмешаат во процесот.
МКС на Англија и на останатите држави им даде рок до 12 јули за да ги поднесат документите, за процедурата да не се одложи на неодредено време. Од судот одлучија дека и целиот процес за издавање на налог за апсење може да биде јавен иако до сега вообичаено се води зад затворени врати.
Дури и МКС да одобри издавање на налог за апсење целиот процес би можел да се одложи со месеци, бидејќи не само Израел туку и САД и голем број нивни сојузници се против апсењето на израелските лидери.
Освен овие двајца, Кан објави налог за апсење и на тројцата највисоки лидери на Хамас.