Ставот на Болтон е дека МКС е нелегитимен и дека САД по никоја цена не би требало да ја прошируваат соработката со судот.
„Меѓународниот кривичен суд е нелегитимен бидејќи тој е практикување на владина моќ во вакуум, без постоење на никаква уставна рамка која би го ограничила. Тоа е многу опасна институција,“ изјавува Болтон.
За него, сегашното однесување на МКС и издавањето на налог за апсење на Путин е закана за дипломатско решение на војната во Украина „ако сакаш да има преговори, мислиш дека налог за апсење на Путин ќе ги зголеми или ќе ги намали шансите дека тој ќе преговара.“
Неговата алтернатива е дека ако веќе се суди рускиот претседател, тоа да биде направено од страна на Украина каде и се извршени злоделата за кои тој е обвинет, или од некоја следна руска влада. Со тоа што предупредува дека Украина би немала никаква корист од судење на Путин во отсуство, додека рускиот претседател би можел тоа да го искористи на домашен терен за да се претстави како жртва на Западот.
„Вистинската крајна правда за сето ова би требала да дојде од некоја идна нова руска влада.
Мислам дека кога ќе и кажеш на држава 'ние го преземаме твојот товар за осудување на твоите лидери' тоа го спречува развивањето на нејзината политичка зрелост. Токму тие се луѓето кои треба да ја донесат пресудата,“ порачува Болтон.