Сајтот од вторникот е ставен на црната листа на Роскомнадзор, а рускиот суд треба допрва да одлучи до кога точно ќе држи оваа забрана.
Паралелно со Порнхаб беше блокиран и Јупорн.
Мината година по одлука на судот во Краснодар беше забранет пристапот до руската верзија на Порнхаб по основа дека сајтот ги прекршувал законите за заштита на децата. Судот проценил и дека сајтот нелегално продуцира и дистрибуира порнографија. Во Русија иако не е забрането гледањето порно, забранета е негово снимање.
Одлуката за блокирање на руската верзија на Порнхаб, заврши со масовно критикување и исмевање на Роскомнадзор на социјалните медиуми. Меѓу твитовите имаше и еден во кој од Роскомнадзор се бара "Ако го блокиравте Порнхаб, дали може да ни дадете алтернатива?", на што владината агенција одговори "а како алтернатива, ти да одиш и да запознаеш некого во реален живот."