Истражни извори велат дека сите тие се дел од иста мрежа на радикализирани лица од која двајца возрасни беа уапсени минатиот викенд.
Последното уапсено момче е заведено во категоријата "S" која ја сочинуваат лица под постојана присмотра од државата. А такви во Франција ги има 20.000 од кои преку половина се мониторираат заради можни врски со радикални и терористички групи.
Ваквите ангажмани се исрцпувачки за безбедносните сили во земјата.
"Тоа е работа која деноноќно нè прави зафатени. Заради подигнатото ниво на безбедност, имаме огромна работа околу сите сомнителни лица: од оние кои енкриптирано се допишуваат со инспиратори од Сирија па до оние граѓани кои планираат да изведат некоја акција," вели францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казанова.
Тројцата последни уапсени малолетници го користеле сервисот за енкриптирани пораки Телеграм преку кој добивале инструкции од Рахид Касим, добро познат француски џихадист кој управува со оперативни акции во Франција од некое подрачје во Сирија или Ирак управувано од Исис.