Примирјето, па дури и тоа што ќе пропадне, ги обесхрабрува прекршувањата на идниот прекин на огнот, ги изолира лошите страни и гради доверба меѓу противниците. Циклусот не е секогаш видлив, ама со тек на време може да ги промени пресметките на учесниците и да доведе до услови за мир.
Наспроти вака потенцијално доблесниот круг, постои и опасност примирјето да сврти на лошо, па двете страни да ја продлабочат својата омраза, дополнително да се оддалечат, а мирот да не им изгледа ни приближно привлечен.
Двајца политиколози од Нотр Дам, објавуваат студија во која се обработени 196 примирја и мировни договори од 1975 до 2011. Тие откриваат дека мировниот договор најдобро може да се предвиди според тоа дали двете страни претходно имале примирја, дури и ако тие не успеале. Ниту сиромаштијата, етничката поделба или траењето на војната, не биле така одлучни за постигнување мировен договор, како бројот на претходни прекини на огнот.
Ако секоја страна излегува од преговорите чувствувајќи дека добила нешто или барем останала на свое, поголеми се шансите дека тие ќе учествуваат и ќе постигнат уште еден договор. И ова не мора да биде нешто монументално, во случајот со Сирија на пример придобивка може да биде Асад да го почитува барањето членовите на опозицијата да не ги нарекува терористи.
Како придобивка од неуспешните примирја се наведува мировниот договор за Босна и Херцеговина, потпишан во Дејтон, или примирјето кое со децении трае на Корејскиот полуостров.
Обратната страна на ова е учесниците во судирите, пример во Сирија, преку примирјата наместо да научат да соработуваат, да научат да не си веруваат. Од ова посебно постои опасност ако правилата на примирјето се следат селективно, па учесниците да го перципираат "мамењето" како помалку ризично. Ако групите веруваат дека сите други ќе направат некаков прекршок, поверојатно е и тие да престанат да ги почитуваат правилата.
Пример за ова е војната во Ангола, во која САД и СССР од 1976 ги притискаат своите сојузници да продолжат со борбите, што последователно ја уништува целата доверба меѓу страните на теренот, па војната трае се до 2002, "што е прилично загрижувачка лекција, сега кога Вашингтон и Москва се наоѓаат на спротивните страни во Сирија."