
Описот на библиотекарот Роберт Морин е: "цело време јадеше чипс и оброци од микро-печка и возеше Плимут од 1992 додека полека трупаше богатство од 4 милиони долари." Морин умира во 2015, а парите ги остава на Универзитетот од Њу Хемпшир, каде дипломира во 1963 и каде што работи речиси 50 години.
Универзитетот сега објави како ќе ги потроши парите од наследството:
- 2,5 милиони долари ќе бидат искористени за центарот за вработување
- 1 милион за џиновски видео екран за новиот стадион за американски фудбал
- 100.000 долари за библиотеката на Универзитетот, во која Морин работел. Овие 100.000 долари се и единствената конкретна желба во тестаментот на Морин.
Критиките, освен глупо е пари од библиотекар да ги трошите на спорт, се и дека парите ако не за библиотеката можело да бидат потрошени за други научни програми, или грантови за истражување.
"На крајот, одлуката на училиштето да потроши една четвртина од великодушната донација на Морин, на непотребни работи за спортскиот оддел е комплетен срам за духот и сеќавањето на Роберт Морин," пишува во еден обемен пост една од студентките дипломирани на Универзитетот.