За време на една онлајн работилница со 26 психолози и експерти за продуктивност, американскиот когнитивен научник Скот Бери Кауфман ја опиша студијата според која 72% од луѓето добиваат креативни идеи додека се тушираат.
Студијата ја истакнува важноста на опуштеноста за креативното мислење.
Според него изолираноста, опуштеноста и атмосферата што не те напнува (на англиски тоа се вика: non-judgmental environment) кои ги нуди туш кабината му допушта на умот да се отвори и да талка во различни правци што знае да доведе до изненадувачки свежи и добри идеи.
Прашан дали треба да одвоиме посебно време за ваквото дневно фантазирање или пак да го користиме кога ќе ни се случи, Кауфман одговори:
Секој треба да си обезбеди време и место за да се осами. Тоа може да се изведе во различни комбинации, битно е на мозокот да му се даде шанса да ги напушти патеките по кои работел изминатите часови и да тргне по нови.
За интровертноста и претерувањето во дозата дружење, види ја статијата: "Да постои мамурлак од луѓе"