Вести

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Обама во својата администрација имал само три члена кои имале над 100 милиони долари. Џо Бајден имал петмина такви. Доналд Трамп ги има преку десетпати повеќе. Осуммина од нив имаат преку милијарда долари. Наивни ќе помислат дека таквите луѓе сега имаат доволно па ќе ѝ служат на државата. Да им беше на таквите нешто доволно, немаше ни да стигнат до тие цифри.  

Нашата планета станува сè потемна

Насловот не е некој метафоричен, поетски опис за очајната состојба на човештвото, моралот или нивото на македонските реклами на Инстаграм. Зборуваме за вистинска мерлива темнина што се шири низ површината на Земјата. Напредокот во животната средина буквално има неочекувана темна страна.

Во Австралија се размислува за поевтинување на цигарите

Досегашните долгогодишни мерки против цигарите и пушењето успеаја драстично да го намалат процентот на пушачи во Австралија. Но, остана едно жилаво малцинство кое се покажа имуно на сите мерки на државата а задоволувањето на нивната потреба за никотин создаде голем и понекогаш опасен црн пазар. Бидејќи попаметниот попушта, некои во Австралија сега бараат цигарите да поевтинат.

Речник

Науката НЕ е консензус

Уледниот Британскиот медицински журнал е критикуван за нарушување на научниот интегритет откако повлече труд во кој се сугерираше дека вакцините против ковид можеби се виновни за некои прекумерни смртни случаи за време на пандемијата. Го повлекле трудот иако немало ништо спорно во него, ама не го одразувал „научниот консензус“. А на времето, консензус имаше и дека Сонцето се врти околу Земјата.

Финската економија во слободен пад

Економијата на Финска со години беше ѕвезда на стариот континент на чии перформанси завидуваше цела Европа. Но, Нокиа беше симната од тронот, се десеткуваше побарувачката за хартија поради дигитализацијата и почнаа проблемите. Пандемијата и руската инвазија дополнително ја влошија состојабата па денес Финска во некои метрики стои полошо од Шпанија и Португалија.

Трамп размислува за нуклеарка за Иран?

Драматично предупредување на поранешната конгресменка Мерџори Тејлор Грин - дека на стратешките состаноци во Вашингтон се дискутира и за употреба на нуклеарно оружје против Иран, за конечно да се добие војната за која Трамп се изнавергла дека е добиена. Тејлор Грин беше ептен про-Трамп и МАГА и Америка на прво место, додека не почна да зборува за Епстин и други незгодни теми по што падна во немилост. 

Чуму ова брзање на Грција?

Откако победоносно изјави дека проблемот со Македонија е решен, шефот на грчката дипломатија изјави дека преоѓа на оној со Албанија и дека „нема да оди на одмор додека и тоа не биде решено“. Не дека на Грците им гори баш за утре задутре, ама во влијателните кругови на ЕУ, на чело со Јункер, зрее идејата дека консензусот како начин на донесување одлуки е пречка за нејзината ефикасност. Па да не дојде ден она фамозно право на вето да не вреди ни пет пари.

Договорот е само крај на почетокот

Како што договорот што од името на своите народи го направи двојката од Скопје и од Атина почнува да трокира на домашен терен и кај едната и кај другата страна, дел од Европа педантно почна да се дистанцира, барем во догледен период, од нашата светла ЕУ-иднина.

Доналд Трамп беше во право, а не останатите лидери на Г7

Човекот речиси сè прави погрешно. Ама минатиот викенд направи нешто како што треба, на ужасување на лидерите на богатиот свет, тој ја одбрани демократијата од нејзините злонамерници. Можеби предвидливо, тој беше универзално осуден за тоа, пишува Џорџ Монбио во својата колумна за Гардијан.

Добрососедско гадење

Италијанската влада е неодговорна и цинична заради тоа што одби да прими над 600 имигранти заглавени во Медитеранот, гласи критиката на француската влада. Пораката од владеачката француска партија е далеку поконкретна.

Честитки за Грција

„Владата ги започна преговорите во меѓународен статус кво во кој терминот „Македонија“ веќе се користеше како име на соседот во меѓународните организации и сите меѓународни форуми... Освен тоа, преку 140 земји (вклучувајќи ги САД, Кина и Русија) ја признаа таа земја под нејзиното уставно име, Република Македонија, односно нејзините граѓани како Македонци“.

16 рунди подоцна, го имаат ова:

Друга слика, друга приказна

Фотографијата по која ќе се памти последниот Г7 самит е сцена која речиси е невозможно да ја наместиш, а во која Трамп наликува карано на мало дете. Само еден кадар подоцна целата приказна се менува.

ЕУ се соочува со колапс во наредните 10 години

ЕУ е моментално најслабата светска сила и е толку слабо подготвена за предизвиците кои ја очекуваат што во следната деценија во прашање ќе биде доведен и нејзиниот опстанок. Еврото најверојатно ќе преживее, за неа не е сигурно, проценува британски историчар кој предава на американскиот Универзитет Стенфорд. 

Ни со 8 часа спиење не го бива

Иако зазема огромен дел од сечиј живот (ако имаш среќа дури и цела третина од животот) сонот е прилично нова научна дисциплина на која научниците работат од пред само околу 70 години.

Што потпишаа Ким и Трамп

Трамп вети безбедносни гаранции за Демократска народна република Кореја, Ким Јонг Ун вети комплетна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Светот среќен.

Приватноста е луксуз, исто како и Ајфон од 1.000 долари

Традиционалната конференција за програмери освен востановената презентација на софтверски новини од Епл годинава се претвори отворен фронт против Фејсбук и неговиот јавашлук со личните податоци на корисниците.

Тврдината Европа не се создаде сама, сите помогнавме

Требаше 300 имигранти да се удават во близина на Италија, во октомври 2013, за европските политичари да се ужаснат околу страдањата на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа. Во 25-те години пред ова се проценува дека најмалку 20.000 луѓе загинале обидувајќи се да стигнат до брегот на стариот континент.

Изгледа скотски ама делува

Претседателот на Филипини моментално ја спроведува најсуровата кампања за борба со трговијата со дрога. Исходот од ова на терен се стотици и стоици недолжни жртви. Исходот од ова на ексел е подобрување на безбедноста во земјата.

Европа мора да најде начин да работи со популистите

Пред две години во интервју за Ле Монд, Жан-Клод Јункер изјавува: „со крајната десница не е возможна никаква дебата или дијалог.“ Пред некој месец на чело на една од најголемите економии на Унијата дојдоа токму крајно десните.

Германија светски шампион!?

Економист од германската Комерцбанк врз основа на свои симулации, формули и ексели ја прогласи Германија за победник на претстојниот Мундијал. Да не биде претерано „свој на свој“ авторот на анализата е Британец кој работи во лондонското претставништво на банката.

До легализацијата и по неа

Канада деновиве ја легализираше марихуаната и иако секој регион тоа го спроведува на свој начин уличните дилери кои разговараат со Гардијан и не се нешто преплашени за својот бизнис, објаснувајќи – ништо страшно, ние ви носиме до дома, овие ве тераат да одите во продавница.

Доналд Трамп ја одбира источна Европа за сојузник

Вес Мичел конечно ја обелодени долгогочекуваната нова американска стратегија за Европа. Накратко, на денешен Вашингтон му е збоктисано од колебливоста на западните европски партнери па планира за главен сојузник во одмерувањето со стратешките противници Кина и Русија да ги придобие „срцата и разумот“ на оние од југоисточна и централна Европа, места каде што конзервативните политики повторно се во мода.

Европското бело сјае од чистота

Кокаинот на европските улици моментално е на најчисто ниво што бил во последните 10 години, тврдат луѓе кои службено го следат ова.

Зошто сè што знаеме за пасворди е погрешно

Ако го прашуваш Марк Ришер, тоа што ќе ставиш бројки и симболи во пасвордот не ти врши работа (или што ќе натераш некого да ги стави). Кој е Марк Ришер да го прашаш? Поранешен „спам цар“ во Јаху, моментално директор за продукт менаџмент во Гугл, каде работи на безбедноста на мејловите и во тимови за спречување на злоупотреба.

Брегзитер се од ЕУ корнеше

Претседателот на кампањата која одвои милиони Британци од ЕУ, Најџел Лосон, реши дека е крајно време да поднесе документи за добивање неограничен престој во ЕУ.

Кога ќе те купат, твоето име не е твое име

Бајер го купува Монсанто и отворено најави дека како нов сопственик, веднаш ќе му го укине името. Во овој случај барем ја знаеме цената на операцијата.

Трамп до Трудо: А вие што ни ја запаливте Белата куќа?

Досега ги обвинуваше дека се нефер и дека водат политики кои ги искористуваат. Доналд Трамп сега внесе и 200 години стара историска болка во литаниите против северниот сосед.

Романија, под хауба

Со оглед на нивната стартна позиција, ретко која земја имаше повеќе бенефит од интегрирањето во ЕУ од Романија. Стигнаа пари, стандардот се подобрува, но приказната има и друга страна: милионско намалување на населението, 40% од учениците им се функционално неписмени и слично. Накратко, добро е ако си во некој од големите градови. Надвор од нив е гола сиромаштија.

Твојата работа е булшит и не е битна за ништо

За разлика од многумина кои се занимаваат со проекции на стравот дека роботите ќе ни ги земат работните места, професор Дејвид Гребер порачува дека на тоа опција треба ѝ се радуваме, бидејќи премногу човечки животи се трошат на бесмислени работни места. Гребер предава антропологија на Лондонската школа за економија, еден е од препознатливите гласови на „Окупирај го Вол Стрит’ и човек кому му се припишува слоганот „Ние сме 99%“.

Проблемите на земјата чиј премиер не победи на изборите

Новиот шпански премиер има еден очигледен и дебел проблем - никој не го гласаше за таму. Санчез на таа функција дојде искористувајќи легални системски решенија но ниедна политичка вештина и смисла за комбинаторики не може да му го даде неопходното политичко чувство и потврда дека претставува нешто што граѓаните го сакаат. Тоа се вика легитимитет, и се добива само на избори.