Неодамна поставениот американски амбасадор во Германија деновиве го имаше многу во медиумите. Прво, во интервју за Брајтбарт изјави:
“Многу европски конзервативци ме контактираа за да ми кажат дека низ цела Европа се случува нивен камбек. Сакам да ги подржиме тие конзервативци од цела Европа, некои други лидери, чии политики земаат замав заради пропаднатите политики на левичарите“.
Подоцна амбасадорот Рик Гренел имаше ручек со гласниот критичар на Меркел, германскиот министер за здравство, Јенс Шпан. Па надвор од протоколот сакаше да се види со Нетанјаху на берлинскиот аеродром. Па правеше ручек за австрискиот десничарски премиер Себастијан Курц кого лично го пофали во наведеното интервју.
За ваквите активности на Гренел да добијат контекст: тоа би било исто како германската амбасадорка во САД јавно да ги фали американските либерали, да се види со Џастин Трудо пред да се сретне со Трамп а после тоа да има ручек со мексиканскиот претседател.
Гренел не е слободен стрелец и неговите потези се дел од една поширока приказна. Оваа недела, во Херитиџ фондацијата, помошник државен секретар Вес Мичел, ја претстави долгоочекуваната американска стратегија за Европа.
Од Атлантик му признаваат дека тоа е добро обмислена и напишана стратегија: САД ја гледаат Европа главно низ призма на нејзиниот натпревар со главните цивилизациски опоненти: Кина и Русија. Мичел, кој е извонреден познавач на историјата (наскоро излегува негова книга за Хабзбуршата империја), јасно ја најави смената на фокусот на американскиот интерес, од западна кон источна и јужна Европа. На онаа првата не и се простува што стратешкиот натпревар со Кинезите и Русите не го сфаќаат сериозно, особено во поглед на издатоците за одбрана, што „издадоа“ против Иран и што за санкции кон Русија секогаш има отпор кај земји како Грција, Италија и Унгарија.
Во говорот во Херитиџ, Мичел најави фаворизирање на централните и источните држави од Европа, не само со дипломатија туку и „со освојување на срцата и разумот на нивните луѓе“, оние кај кои спомените од 1989 година почнуваат да бледеат.
Исто битно: администрацијата на Трамп радикално ја менува американската политика кон евроинтеграциите.. На приватни брифизни, тоа го имаат најавено различни инстанци на Трамп. Политиката на Обама таквите процеси нескриено ги поддржуваше. Во тој поглед, Трамп во најдобар случај ќе биде неутрален и ќе ги остави Европејците да прават што сакаат. Во пореалистични термини, ќе биде непријателски расположен кон тоа прашање, прогнозира Томас Рајт за Атлантик.