Горд е 44-годишен дилер на марихуана кој ова го работи од 16-годишна возраст, а Реј е 45-годишен дилер кој ова го работи од 17-годишна возраст. Првиот ова го тера со полно работно време, за вториот продавањето марихуана е само дополнување на приходите.
Горд објаснува дека како што почнала дебата за легализација на марихуаната во земјата и како што почнале да се отвораат диспанзери за марихуана, така се намалувал и нивниот профит. Ако најголем дел од својата кариера продаваат 28 грама (1 унца) за 250 до 300 канадски долари, во последно време цената е падната на 200 долари. Плус тој се жали дека заради отворањето на продавници насекаде изгубена е лојалноста на корисниците и младите муштерии повеќе немаат „матичен“ дилер, туку купуваат од кај ќе стигнат.
Нивната процена е дека клучно за опстанокот на пазарот на црно ќе биде цената, бидејќи најголемиот дел од муштериите не се корисници со некој префинет вкус кои би платиле повеќе за подобар квалитет и најчесто имаат ограничен буџет. Двајцата се оптимисти бидејќи цената која моментално ја разговараат канадските власти е 10 долари за грам, меѓутоа сегашната улична цена е околу 7 долари.
Уште една своја предност што ја нагласуваат е дека владата нема да може да направи масовна мрежа на продавници која ќе ги покрие сите корисници, „а јас ти испорачува до дома“.
Како слабост на владината марихуана, на невидено, и го припишуваат и нејзиното масовно генеричко производство, споредувајќи го со конфекциски бренд како Бадвајзер, плус очекуваат дека ќе биде далеку послаба.
На прашањето, дали во легализацијата гледаат можност за проширување на својот бизнис, Реј признава:
„Би сакал да го проширам бизнисот, ама премногу сум мрзлив. Дали стварно се исплати за екстра пари по цел дена да трчаш и да се убиеш од работа? Имам другар што е амбициозен околу ова, и работи по цел ден и ноќ. Тој сака материјалистички работи, и одење на одмор. За дилери како мене и најголемиот дел од моите пријатели - ако заработиме нешто тогаш ок...
... Не го гледам ова како бизнис, туку како култура. Ако можам да заработам некоја пара ок - ако не, барем ќе го испушам тоа што го имам.“