„За Брисел следните 10 години ќе бидат круцијални“, вели историчарот Ниал Фергусон кој во своите апокалиптични проценки за иднината на ЕУ, неа често ја споредува со римското царство.
Според него, Унијата е моментално најслабата алка во синџирот големи светки играчи и слабо е подготвена и за актуелните и за претстојните предизвици. Главно мисли на „империјата на Доналд Трамп“ позната и како САД и на Кина, конкуренти со кои, по негова проценка, ЕУ не е способна да се натпреварува.
Според Фергусон, главен симптом на падот не ЕУ е статусот на традиционалните европски партии. Како што тие губат од растечкиот што лев што десен популизам, така се губи и довербата во проектот кои тие го зачнаа, идејата за обединето европско семејство.
Тој се сомнева дека Европската Унија е конструкција која ќе го издржи 21-от век иако претпоставува дека некои нејзини функции, како што е еврото, би опстанале и после крахот на големата приказна,.