Откако ги доби потребните дозволи од европските и американските регулатори, германскиот фармацевтски гигант на седми јуни 2018 официјално го купува американскиот Монсанто за 63 милијарди долари. Со најава дека веднаш го укинува 117 години старото име на својот нов посед.
Монсанто е најголемиот светски снабдувач со ГМО семенски материјал и неговото име, за глобалното анти-ГМО движење е синоним за зло.
Иако името му исчезнува, од капацитетите на Монсанто и натаму ќе излегуваат истите производи - генетски модифицирани организми.