Како што Макрон целиот свој гнев го испорача во дипломатско пакување зборувајќи за „цинизам и неодговорност“ на италијанската влада, портпаролот на партијата на Макрон, не беше така подготвен за компромиси порачувајќи:
„Ми се повраќа од италијанската влада.“
За залекување на раните од критиките од Французите на италијанската влада и се најдоа пофалбите од Виктор Орбан, кој по одбивањето на Италија да прими бегалци изјави: „Беше депресивно со години да се слуша дека е невозможно да се заштитат морските граници. Силата на волјата се врати во Италија.“
Критики до Италија стигнаа и од Доктори без граници кои управуваат со преполнетиот хуманитарен брод Аквариус, кои повикаа бегалците да се пренесат во најблиското пристаниште и од таму да бидат префрлени во Шпанија.
Италија одлучи дека максимум што може да помогне е да ги префрли речиси 630-те мигранти во други бродови кои ќе отпатуваат кон Шпанија. Притоа ниту еден од овие бегалци нема да смее да стапне во италијанско пристаниште и таму да ги чека шпанските бродови.