На конференцијата презентациите на Епл имаа невообичаен број на ишарети кон „гревовите“ на Фејсбук. Така, Фејсбук и Инстаграм беа истакнати како пример за апликации кои им трошат најмногу време на корисниците на Ајфон. Подоцна во презентацијата за новите опции на Сафари за блокирање на плагините за социјални медиуми, Епл својата алатка ја презентираше на Фејсбук плагинот за коментари.
Иако најголемиот дел од заштита на приватноста Епл ја прави за да ги испочитува новите европски правила за приватност, компанијата тоа го претстави како начин за заштита на своите потрошувачи, порачувајќи: „Епл верува дека приватноста е фундаментално човеково право, и секој Епл производ е создаден да го минимизира собирањето и користењето на твоите податоци.“
„Ако Епл е компанијата која ќе те заштити од интернетот, и од самиот себе, тогаш таа услуга нема евтина цена. Првенецот смартфон на Епл има почетна цена од 1.000 долари, а најевтиниот смартфон чини 349 долари (ама е три години стар), а просечната цена на Ајфон што потрошувачите го купиле во минатиот квартал е 728 долари. Просечната цена на сите смартфони продадени низ светот е 363 долари...
...Уредите на Епл, посебно поновите, се луксуз достапен само на добро ситуираните во САД. За оние кои не можат да си дозволат такво нешто, изборот е меѓу помалку безбедни, повеќе следени уреди, или... немање уред...
...Штета што таква приватност мора да доаѓа со толку висока цена,“ пишува Мајк Марфи во Кварц.
На почетокот на април, вообичаено умерениот ЦЕО на Епл, Тим Кук, по новинарско прашање со клизачи му влезе на Фејсбук: „вистината е дека би можеле да направиме еден тон пари ако ги монетизираме нашите корисници - кога нашите корисници би ни биле продуктот. Ние избравме да не го правиме тоа.“