Во извештајот Закон и ред за 2018, Филипини имаат оценка од 82, што е 6 поени повеќе отколку во 2014, и високо над просекот во Источна Азија од 72.
Извештајот составен од Галуп се базира на 148.000 одговори на луѓе од 142 држави, околу тоа „колку се чувствуваат безбедно шетајќи се навечер во областите во кои живеат.“
Напредокот на Филипини во најголем дел се должи на кампањата на Родриго Дутерте, која во основа се сведува на тоа дека секој жител на земјата може да застрела некого за кого има сомнеж дека е дилер на дрога. Во ваквото неселективно требење до сега се убиени над 12.000 луѓе, од кои најголемиот дел без докажана вина.
Освен слобода за шетање навечер, индексот има важна улога во помагање при создавање на одржлив економски раст кај економии во развој. Така, економијата на Филипините последнава година бележи годишен раст на економијата од 6,8%, што е отприлика иста ставка како и Кина. Изминатите 35 години, просечната стапка на раст на филипинската економија изнесуваше 3,68%.
На извештајот Македонија има оценка од 78.