Ко је први почео?

Трамп до Трудо: А вие што ни ја запаливте Белата куќа?

Досега ги обвинуваше дека се нефер и дека водат политики кои ги искористуваат. Доналд Трамп сега внесе и 200 години стара историска болка во литаниите против северниот сосед.

За време на последниот телефонски разговор во кој канадскиот премиер го прашал Трамп како може новонаметнатите тарифи за челик и алуминиум да ги објаснува со заштита националната безбедност, Трамп глатко му одбрусил:

„А вие како ни ја запаливте Белата куќа?“

Инаку, Белата куќа беше запалена од британските трупи како дел од неуспешната инвазија во 1814 година, повеќе од 50 години пред потпишувањето на канадската конфедерација која се смета за темел на денешна Канада. Иако Британците го зазедоа Вашингтон и запалија поголем дел од градот, офанзивата не успеа поради поразот малку по на север, во прочуената битка за Форт МекХенри.

Ама шоебитно.

7 јуни 2018 - 09:23