Вести

Парадокс во Германија:

Сончевите централи ја спуштиле цената на струјата на минус 500 евра за MWh

Цената на струјата во Германија на 1 мај паднала на законски дозволениот минус од 499,99 евра. Оваа сума, со пари од даночните обврзници, ја плаќале операторите за секој потрошен мегават-час од огромниот вишок генериран од сончевите колектори. Ако не помогне и негативната цена, ќе има парадоксален ефект од премногу струја – неколкучасовни рестрикции во некои региони.

Амстердам забрани реклами за месо, бензинци и авионски летови

Во Амстердам е дозволено речиси сè – проституција, марихуана, хашиш, „магични“ бомбони со психоактивни супстанци, но сега е забрането рекламирање на нови „пороци“ - сендвичи, коли на бензин и дизел и туристички аранжмани со авион или брод. Поврзување на месото и фосилните горива е дел од поширока политичка платформа за нето-нула емисии на јаглеродни гасови.

Намибија се ослободи од должничкото ропство на ММФ

Намибија штотуку го отплати целиот долг кон ММФ. Нула салдо, нула нови заеми, нула нови услови. Слобода. Додека други држави се дават во ригидните политики на ММФ, Намибија излезе од должничката спирала. Оваа држава од југозападна Африка, со 2,1 милиони жители и минимална плата од 180 евра покажа дека слободата може да се (от)плати, со визија и дисциплина. 

Речник

Наивни од МАГА изгубиле 4,3 милијарди долари од измамата на Трамп

Доналд Трамп ги злоупотребил своите најверни симпатизери од движењето МАГА, продавајќи им безвредни монети за повеќе од 4 милијарди долари. Аналитичарот Стив Ратнер објаснува дека од оваа измама со криптовалути се збогатиле лично Трамп и инсајдери од најтесниот круг околу него, кои ја покренале лавината инвестиции. 

Среќни 91 година се појаки од 400 милијарди долари

Роналд Вејн некогаш поседуваше 10 проценти од Епл. Денес, тој удел би можел да вреди околу 400 милијарди долари. Но, го продаде за 800 долари. Тоа се смета за една од најлошите грешки во деловната историја, особено сега кога Епл берзански е проценет на околу 4 трилиони долари. Но, Вејн, кој денес има 91 година, не го гледа тоа така.

Трамп е најлошо информираниот американски претседател во историјата

Добитникот на Нобелова награда за економија, Пол Кругман, прогнозира дека Ормускиот теснец во догледно време ќе остане затворен. Колку и Трамп да се залажува дека американската блокада ќе ја скрши волјата на Техеран, тие нема да му дадат повод да прогласи некаква победа. Тој ја води Америка во најлошиот стратешки пораз во историјата кој Иран го претвори во глобално важна сила која контролира добар дел од протокот на енергенсите.  

Лула не сака да менува затвор за домашен притвор

На барање на обвинителството поранешниот бразилски претседател требаше да биде испратен во домашен притвор, меѓутоа на барање на истиот овој претседател, тој би сакал да остане таму каде што е.

За месо што правиме?

Не дека не е убаво кога некој ќе поништи ерес од типот дека јадењето месо е причина за епидемијата на рак, ама народ толку се возбуди околу новава студија како па до сега да му се тресеа на секој залак месо.

Добри вести за тие што сакаат потопли и подлабоки океани

Иако температурата на океаните почнува да расте уште од 1970-те, последниве 25 години човештвото се потруди тие да се загреваат два пати побрзо.

Швајцарска аукција на запленети диктаторски возила

Диктаторот на Еквадоријална Гвинеја на времето тргна по патот на секој диктатор од стара школа што држи до себе, и своите геноцидно украдени пари ги скри во рајот за пари на диктатори - Швајцарија. Меѓутоа во овој случај Швајцарија реши да не биде така добар домаќин како што е во други случаи (пример со нацистичкото злато што уште дреме во нивните сефови) и за чудо да ја издаде довербата на диктаторот.

Во Хонгконг не е само ќотекот проблем

На видео од немирите група полицајци пакува еден демонстрант додека паралелно го обработуваат со пендреци и боксови. Она што според локалците е најстрашно е делот кога му ја покриваат устата додека овој го извикува сопственото име.

Како на Путин му засмета глобалното затоплување

Иако главно трагично за остатокот од светот, за Русија глобалното затоплување го отвори пристапот до арктичката нафта. Сега стравот е дека истото ова затоплување последниве години малку претера со отворањето.

Кинеска верзија на „купи куќа-купи стан“

Единаесет членови на семејство од источна Кина 23 пати лажно склопувале бракови и потоа набргу се разведувале, за да искористат компензации кои им следеле како дел од проект за урбан развој.

Мигранти, по дома да си чистите улици

Невработен 29-годишен нигериски мигрант во Италија со цел свој безобразлук се дрзнува да почне да ги чисти улиците во едно предградие на Венеција. Бидејќи е Италија, и бидејќи таму има закон, нелегалниот чистач е казнет.

Електрашите почнаа зависноста од никотин да ја лечат со цигари

Добар дел од тие што почетоците на пушењето ги имаа со цигари, почнаа да се префрлаат на електронската варијанта затоа што тоа им звучеше како „поздрава алтернатива“. Сега спасот од цицање УСБ го бараат пак назад кај тутунот.

Индустријата на вести е соучесник во предозирањето со лекови

Пред да се случи масовното навлекување (и претерано и непотребно користење) на лекови против болка, се работеше на ширење потребата од нив, а тоа се одвиваше на терен со работа со доктори, и во етер со медиумско ширење на неопходноста од користење опијати.

Зошто Саудијците лажат колку нафта вадат?

Да им веруваш на изјавите на Саудиска Арабија околу нивното производство на нафта, за експертите е исто како да и веруваш на Кина за нејзиниот економски раст. И деновиве ова само се влоши по нападите на саудиските нафтени капацитети.

Франциско први, граматичкиот Папа

Како ретко кога Папата деновиве го собрал својот тим за комуникации за да разговара за јазикот, конкретно за придавките и именките.

Доба на пластиката

Не таа естетската, не таа амбалажната, туку најважната пластика на која неповратно е навлечена светската популација - банкарската пластика.

Американската војска загадува повеќе од цели држави

Како што Пентагон го смета глобалното загадување за закана за американската армија, така Пентагон во исто време е и закана за влошување на глобалното затоплување.

Јапонска шпанска серија

Две Јапонки решаваат да живеат во истополова заедница а по некое време и својата врска да ја надополнат со дете. Потенцијалниот хепи-енд заглавува кога во приказната се појавува донаторот.

Најден мртов банкарот што преку Естонија испра над 200 милијарди долари на руски тајкуни

Аивар Рехе беше директорот на естонската филијала на Данске банк, кој пред некој ден исчезна, за вчера да биде откриен мртов во дворот на својата куќа.

Кое дете бре, тоа е лудара од Украина

Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат.

Изгледа ништо од тоа „Нотр Дам готов за 5 години“

Најнов меѓу „неверниците“ околу временската рамка за реновирање на катедралата е францускиот министер за култура.

Чедаргејт

Угледен француски готвач ги тужи Мишелин бидејќи смета дека неправедно му е одземена една ѕвезда. Тврди дека му се паднал недоветен рецензент на неговата храна кој помислил дека користи англиски кашкавал за француски специјалитет. А нема врска.

Кинески новинари ќе полагаат тестови за лојалност кон господинот Џинпинг

Тестовите не се тривија (која му била прва женска, или што музика слуша), туку ќе се однесуваат на тоа колку новинарите ја разбираат Мислата на Ши Џинпинг, доктрината на кинескиот претседател од 14 точки кои треба да го обележат неговото владеење.

Заборави, ако мораш

Ако сакате интернетот да го заборави вашето минато, најдобро е да се преселикте во ЕУ. Таму Гугл мора да ги тргне непријатните линкови за вас ако тоа го побарате, на други места не.

Чеченски одреди на смртта хараат низ Европа

Зелимхан Кангошвили е Чечен кој пред 20 години ја преживува војната (на страната против Русите), преживува бараж од куршуми во Тбилиси во 2015, бега на уште еден атентат во Украина, и на крај завршува во Берлин каде живее од 2016 до пред некоја недела кога тргнува во џамија и по пат завршува мртов со два куршуми во глава.

Тесла се изрезили во првиот обид да го собори Порше на Нурбургринг

Пред некое време Порше го прикажа своето прво комплетно електрично возило Тајкан, и објави дека истото тоа возило успеало да постави рекорд за круг на Нурбургринг од 7 минути и 42 секунди. Ова беше премногу за егото на Елон Маск па човекот не додржа и на Твитер објави дека праќа Тесла Модел С на Нурбургринг за да го собори рекордот.

Трамп 2020: Многу нека ви е страв

Најдоброто перо на Ролинг Стоун (море и генерално, во американските медиуми), Мат Таиби, пишува за тоа како Доналд Трамп ги растура и допрва ќе ги растура. А на овие не им иде памет.