Пред веста да му ја обзнани на светот преку таблоидот Сан, таа викендов истото ова им ги има откриено на своите родители, преку Фејстајм. Според Микаела, родителите биле „зачудени“ но не и „вознемирени“.
Таа себеси се опишува како „сексуално суштество“ додавајќи дека и е „навистина смачено да не може да заработува од своето тело.“
„Исто така смачено ми е секој ден да работам на начин што не ми ја исполнува душата.
Се чувствувам дека работејќи ја оваа работа ќе можам да задоволам други луѓе, но тоа е добро затоа што не е на начин кој прави да се чувствувам повредена,“ изјавила 23-годишната Микаела.
Освен сексуалната слобода која ја чувствува преку новата кариера, Микаела се надева дека таа ќе и овозможи да стане финансиски независна од нејзините родители. (Нето вредноста на Стивен Спилберг се проценува на 3,6 милијарди долари.)
„Не можам вечно да останам зависна од родителите или од социјални - не дека тоа е нешто лошо - само мене не ми е пријатно.
И не е ова ’од немај каде’ или ’го допрев дното’ решение.
Ова е позитивен, еманципирачки избор, сфатив дека нема срам во тоа да си фасцинирана со оваа индустрија и да сакаш да направиш нешто што е безбедно, нормално и консензуално,“ објаснува ќерка му на Спилберг.
За сега таа е на став дека ќе остане само на соло видеа, и дека нема да има секс со други лица.
Инаку Микаела не е сингл. Има вереник. 47-годишен. По занимање професионален играч на пикадо.
Пусти Спилберг.