Азискиот грип во 1956 година уби меѓу еден и четири милиони луѓе во светот. САРС во 2002 зарази 8.098 и уби 774 лица во 17 држави. Десет години подоцна се појави H7N9 кој удри на 1,223 луѓе и ги потепа 4 од 10. Сега го имаме поумерениот но позаразен COVID-19 со кој денес се борат 70.000 луѓе а близу 2.000 луѓе ја изгубија битката.
Сите овие епидемии потеекнаа од Кина. Ама зошто Кина? Што ја прави оваа земја инкубатор за нови зарази?
„Не е голема мистерија зошто тоа се случува. Многу концентриран народ, многу блиски контакти со многу видови животни кои се потенцијален резервоар а притоа нема многу хигиена. Тоа е одлична атмосфера за сите овие вируси,“ вели доктор Стивен Новела.
Како особено ефикасен експрес лонец за крчкање вируси се смета југот на централна Кина. Огромен број сточарски фарми, особено живина и свињи, одгледани во опскурни санитарни услови. Живиот добиток се носи на сточни пазари каде можат да дојдат со контакт со секаков вид егзотични животни. Птичурини, цицачи и влекачи знаат да бидат носители на вируси кои лесно можат да го сменат носителот и притоа рапидно да мутираат.
Постојат и културолошки причини кои им угодуваат на епидемиите.
„Многумина Кинези, дури и во градовите, инсистираат на свежо заклана живина која ја сметаат за повкусна и поздрава од онаа од фрижидер или замрзнувач“, пишуваше Смитсонианс пред некое време. „Јавниот вкус за свежо месо и условите на тие пазари создаваат бескрајни можности човек да дојде во допир со новите мутации“.
И како капак на сè, кога ќе се разболат, многумина Кинези прво посегнуваат по традиционалната кинеска медицина при што народните екими често даваат погрешни дијагнози а чарињата им се од акупунктура до разни хербални тракатанци. Заболениот во меѓувреме продолжува да биде во оптек и да го разнесува она што го има во себе а против кое „се намачкал“.