Американските власти донесоа план по кој во следните пет години ќе се спроведуваат големи тестови на ранливоста на нивната инфраструктура во чии рамки ќе биде испитано какво би било влијанието на евентуално исчезнување на ГПС сигналот или надворешна манипулација со него.
Деновиве беше откриено дека руски сателити ги следат некои американски шпионски сателити а новата гранка на вооружените сили, Space Force, веќе се занимава со методите на војување во вселената.
Од 2004, САД развиваат и земска алтернатива на ГПС сигналот. Извор би биле постоечките телекомуникациски мрежи кои би се координирале со оптички врски а би давале и до илјада пати попрецизни сигнали отколку сателитите.
ГПС-от е клучен за функционирање и на воената и на цивилната навигација, за временските прогнози, бројните мобилни апликации, финансиските услуги и неброени други системи. Се проценува дека губењето на ГПС сигналот, за 30 дена би предизвикало штета од 30 до 45 милијарди долари.